Пиењето сок од морков е еден од најдобрите начини за спречување на рак. Сокот од морков обезбедува моќни антиоксиданси кои го одржуваат здравјето и го зајакнуваат имунитетот на организмот.

Морковот е двогодишна билка, а за исхрана се користи нејзиниот корен. Тој потекнува од Авганистан, а во текот на историјата е пренесен низ сите земји во светот. Се користи за исхрана во текот на целата година, а особено овој напролет.

Интересно е дека постојат моркови со различни бои: портокалова, бела, жолта, црвена, виолетова и др. Различните бои на морковот содржат и различни антиоксиданси, состојки кои се борат против штетното дејство на слободните радикали во организмот.

Морковите се особено богата храна со микронутриенти како што се витамините, минералите и антиоксидантите. Содржат значително количество на вода и се нискокалорична храна.

Морковот во својот состав содржи малку калории, јаглехидрати, растителни влакна, протеини, масти, калциум, фосфор, калиум, витамин Ц, Б9, А, Е, К, бета – каротен, лутеин и зеаксантин, витамин. Исто така морковот содржи и помало количество на повеќе витамини од групата Б како и мала количина на железо.

Богат извор на витамин А кој е доста значаен за оптимална функција на видот

Морковите содржат високи концентрации на витамин А. Исто така содржат и А провитамини (бета и алфа каротени) кои во организмот се трансформираат во витамин А.

Недостатокот на овој витамин може да предизвика ксерофталмија, очна болест која брзо прогресира. Ваквата состојба може да води кон т.н. ноќно слепило или тешкотии при гледањето при помала светлина.

Според значајни медицински институции, недостатокот од витаминот А е една од главните причини за слепилото кај децата. Морковите ги содржат моќните антиоксиданти зеаксантин и лутеин.

Овие две компоненти исто така се значајни за видот. Тие превенираат од развој на макуларна дегенерација, болест на видот која се поврзува со процесот на стареење.

Морковите можат да помогнат во превенцијата од некои видови на канцер

Големата концентрација на слободни радикали во организмот го зголемува ризикот од развој на повеќе типови на канцери. Антиоксидативното дејство на каротеноидите, жолтите, портокалови и црвени органски пигменти присутни кај морковот може да го намали ризикот од развој на некои типови канцер.

Морковите можат да го подобрат варењето на храната

Високата концентрација на растителни влакна и вода која ја имаат морковите може значително да помогне за здрав дигеситевен тракт. Значењето на растителните влакна за здравјето на цревната микрофлора, а со тоа и на целокупно здравје на човекот е големо.

Ја помагаат контролата на глукозата во кр-вта

Морковите имаат и природено ниска концентрација на јаглехидрати, а сладок вкус и висока концентрација на вода. Тие се нискокалорична храна, со висока концентрација на растителни влакна и ниски нивоа на шеќер, а солидна слаткост.

Одржување на кр-вниот притисок и кардиоваскуларно здравје

Растителните влакна и калиумот кои се присутни во морковот, можат да помогнат во оптимизирањето на кр-вниот притисок. Американската асоцијација за здравје на срцето препорачува помала консумација на сол, односно натриум, а поголема консумација на храна богата со калиум.

Калиумот помага во релаксирањето на крвните садови, на тој начин намалувајќи го ризикот од висок крвен притисок и други кардиоваскуларни проблеми. Морковите содржат 195 мг калиум во 61 г.

Морковите го зајакнуваат имуниот систем и помагаат во процесот на заздравување на ра-ните

Витаминот Ц кој е исто така присутен кај морковите, има значајна улога за имуниот систем, а поседува и моќно антиоксидативно дејство. На овој начин, тој помага во спречувањето на хроничните воспалителни процеси и помага при превенција од развојот на разни заболувања.

Морковот може да помогне во одржување на здрави коски

Содржината на витамин К и помали концентрации на калиум и фосфор позитивно  принесуваат за одржување на здравјето на коските. Оптималните нивоа на витаминот К, фосфорот и калциумот можат да превенираат од појава на остеопороза, која е доста честа болест, особено кај повозрасните луѓе.

Лисјата од морков содржат 6 пати повеќе витамин Ц од коренот и се побогати со витамин К од кој било друг зеленчук

Морковот е одличен извор на витамини и минерали кои ја прочисуваат кр-вта, лимфните и надбубрежните жлезди од т оксини. Морковот исто така ги зајакнува коските и мускулите и го подобрува видот.

Големи количини на калиум и витамин К го намалуваат кр-вниот притисок, го нормализираат метаболизмот, штитат од остеопороза и срцеви заболувања. Грчките лекари вклучиле лисја од морков во списокот со 600 растенија кои се ефикасни во лекувањето на рак.

Во хомеопатијата, чајот од лист морков се користи како диуретик за лекување на болести на бубрезите и елиминирање на отокот. Сокот од лисјата може да се користи како антисептик за плакнење на устата.

Изџвакајте ги овие лисја за да се ослободите од лошиот здив, свежи ра-ни и кр-вавење на непцата. Поради силното антисептичко дејство, лисјата од морков може да се мешаат со мед и да се користат за дезинфекција на ра-ните.

Тие содржат супстанции кои ја стимулираат работата на хипофизата. Забелешка: Жените не треба да консумираат лист од морков за време на бременоста.  Консумација: Користете ги во салати во комбинација со лук, ѓумбир и црн пипер.

Може да ги ставате во супи или да ги пржите со друг зеленчук. Поради своите лековити својства, тие се користат и во подготовка на природни сокови. Младите лисја одат одлично со јаболка и други плодови. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска

Најдобриот лек за вид и диоптрија, овој лек се користи преку 3000 години – рецепт:

Маслото од црн ким се користи преку 3000 години како лек. Египјаните го употребувале како универзален лек. Маслото од црн ким има големи приобивки за проблеми со очите.

Се користи при речиси секоја очна болест, слаб вид и лекување на јачмен кој често се појавува околу очите. Овој лек е потребно да се пие секој ден, а за еден месец резултатите ќе бидат видливи.

Потребни состојки: 1 цитрон, 4 моркови, 2 лажици сок од лимон, 1 парче ѓумбир, 1 лажица масло од црн ким.

Постапка: Излупете го цитронот и исечкајте ја внатрешноста на коцки. Потоа излупете ги морковите, изрендајте ги или пресечете ги на коцки. Додајте ги сите состојки во блендер со се сечканиот ѓумбир и сокот од лимон.

Блендирајте го сокот 3 минути, а откога ќе се соединат сите состојки прелијте го во голема чаша. Ова е еден од најдобрите домашни природни сокови за слабеење што покажува голема ефикасност доколку го пиете барем еднаш на ден.

Доколку сокот излезе премногу густ, разредете со малку вода. Во свежо процедениот сок додајте 1 лажица масло од црн ким и промешајте. Консумирајте го напитокот секој ден, наутро на празен стомак.

Терапијата трае еден месец додека да ги забележите првите промени и подобрување на состојбата со очите. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска