Болката во зглобовите знае да биде е многу непријатна и да ги попречува секојдневните активности. Кај некои луѓе, оваа болка се појавува по долг, тежок ден и поминува после одмор. Но, овој вид на болка може да има хроничен карактер, поврзан со болести на зглобовите, како што е артритисот.

Ако страдате од болка во зглобовите, многу добро знаете дека стандардните лекови обезбедуваат само непосредно олеснување. Најдобар начин да ги намалите болките и симптомите на артритис е да го промените вашиот животен стил, вклучително и вашата исхрана. Исто така, можете да се свртите кон народни лекови, а еден од нив е јаболковиот оцет.

Начини на употреба на јаболков оцет за болка во зглобовите:

Бања. Измешајте 1 чаша јаболков оцет со 6 чаши вода и натопувајте ги зглобовите на рацете или нозете со овој раствор. Доколку имате болка во вратот или друг дел од телото, ставете натопена газа во јаболков оцет на болното место.

Триење. Измешајте 2 лажици јаболков оцет со 1 лажица маслиново масло и започнете да ги триете со оваа смеса болните зглобови, без премногу притискање (не смее да ви биде непријатно). Редовното триење ја забрзува циркулацијата и помага во ублажување на болките.

Напиток за лекување. Растворете 3 лажици јаболков оцет во 300 мл вода или овошен сок. Консумирајте го овој напиток 3 пати на ден, пред оброк. Јаболковиот оцет е докажан во борбата против болката во зглобовите, а меѓу другото, тој е моќен антиоксиданс, кој помага во прочистување на организмот од токсини.

Терапијата треба да трае два месеци. Овој природен лек може да ги задржи зглобовите во добра состојба, да ја намали болката и истовремено да елиминира многу проблеми кои ги придружуваат овие заболувања.

Рецепт за болни зглобови и грб: Излупете 300 – 400 г лук и исечете го ситно (или сомелете го). Ставете го во тегла и прелијте го со 1 литар квалитетно нерафинирано растително масло (маслиново, сончогледово). Затворете ја теглата со капак и оставете ја на темно место на собна температура, 2 недели.

Не заборавајте да ја протресувате содржината во теглата секој ден. На крајот ќе добиете масло од лук, кое треба да се процеди преку 3-4 слоја газа или двапати преку мала пластична цедалка. Како да се користи: Маслото се нанесува на болните области, како што се долниот дел на грбот или на болните зглобови на рацете и нозете при артроза.

Фиксирајте го болното место со газа, а потоа и со најлонска кеса и оставете го маслото да го загрева болното место преку цела ноќ. Лукот ја подобрува циркулацијата на кр-вта во болните зглобови. Терапијата треба да трае два месеци.

Мешавина од лимон и лук за подобрување на целокупното здравје – Овие две намирници се веројатно едни од најздравите намирници во светот. Лимонот и лукот изобилуваат со хранливи материи и имаат многу здравствени придобивки за човековото тело.

Една од придобивките на оваа моќна комбинација е зголемување на еластичноста на ѕидот на артериите. Кога нивото на ЛДЛ или лошиот холестерол е преголемо, тој може да се лепи и акумулира на ѕидот на артериите. Консумирањето на оваа комбинација ќе ви помогне да го намалите лошиот холестерол.

Мешавина од лимон, лук и ѓумбир, за чистење на кр-вните садови. Метод 1: Состојки: – 1 чаша сок од лимон – 1 чаша сок од ѓумбир (исечкајте го ѓумбирот и исцедете го потребниот сок) – 1 чаша сок од лук (исечкајте го лукот и исцедете го потребниот сок) – 1 чаша јаболков оцет

Инструкции: Прво, треба да ги измешате сите горенаведени состојки и да ги готвите на тивок оган половина час, поклопено. Потоа, треба да ја оставите смесата да се излади. Оваа мешавина треба да ја складирате во стаклено шише и да ја чувате во фрижидер.

Како да се користи: Треба да се консумира 1 лажица од оваа мешавина, секое утро, пред појадок.

Метод 2: Состојки: – 6 лимони (излупени), исечени на мали парчиња – 30 чешниња лук, исечкани на ситни парчиња. Инструкции: Ставете ги сите состојки во блендер и сомелете ги. Потоа истурете ја смесата во сад на тивок оган и додадете 2 литри вода.

Оставете да зоврие, па од тој момент варете уште 5 минути. Потоа, тргнете го садот од оган и оставете смесата да излади. Кога ќе се олади, процедете ја течноста и префрлете ја во стаклено шише. Смесата чувајте ја во фрижидер.

Како да се користи: Треба да пиете 50 мл дневно 3 недели по ред. Потоа треба да направите пауза од 1 недела. После тоа, треба да пиете 50 мл повторно секој ден во текот на 3 недели.

Забелешка: Овој метод за чистење можете да го повторувате на секои 6 месеци. Не користете пластични шишиња. Пластичните шишиња со топла течност можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми. Пластичните честички од шишето влегуваат во течноста.

Ве советуваме да користите исклучиво стаклени шишиња. Не грижете се за мирисот на лук, бидејќи лимонот го неутрализира. И најдоброто нешто во врска со овој лек е тоа што е многу едноставен и лесен за правење и нема да ве чини премногу.

Дефинитивно треба да испробате некои од овие домашни лекови. Нема да зажалите. Ви благодариме за читањето и не заборавајте да ги споделите рецептите со вашето семејство и вашите пријатели. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.