Веднаш ја направив и сите што ја пробаа беа воодушевени од оваа торта без печење. Вкусна, непечена торта со малини или некое друго овошје, по желба!

Потребни состојки: 300 г мелени бисквити, 200 г мелени ореви, 100 г шеќер во прав, 100 г путер или маргарин и 200 мл сок од портокал. За фил: 1 литар млеко, 3 пудинг од ванила, 3 лажици густин, 200 г шеќер, 200 г путер или маргарин, 2 кутии (250 г) јафа бисквити или ресана, 300 г малини

За декорација: шлаг, слатка павлака или чоколадна глазура. Постапка: Прво се приготвува филот: се става на оган 1 литар млеко заедно со 200 г шеќер. Малку се одвојува од таа количина за да се разматат пудинзите и густинот. Изматете добро додека да добиеете мазна смеса без грутчиња.

Кога млекото ќе проврие, се вари пудингот со постојано мешање додека да зоврие, па се остава на страна да излади. Се мати омекнатиот путер и во него се додава лажица по лажица од изладениот пудинг. Се мати со миксер додека сето да се изедначи и соедини.

Кората се приготвува додека се лади пудингот. Сите состојки за кора се ставаат во сад и се соединуваат, најдобро со рака. Сокот постепено се додава, па можеби нема да бидат потребни сите 200 мл. На тацна за сервирање ставете обрач за торта со величина 28 см.

Може да користите и помал, а може и без обрач, смесата убаво се обликува. Потоа формирајте ја кората со рака или со лажица.  Врз кората ставете малку фил, помалку од ¼, колку да се зафати бисвитот и убаво да се “залепи”. Редете ги ресаните (јафа бисквитите) со чоколадната страна надолу.

Врз ресаните се ставаат смрзнати малини, па остатокот од филот, така што се става лажица по лажица, рамномерно за да не се поместуваат малините при премачкувањето. Убаво израмнете. Одозгора се украсува со шлаг или се става чоколадна глазура. Пред послужување добро изладете ја.

Наместо малини можете да ставите и банани исечени на тркалца, но во тој случај кексите ќе треба малку да ги натопите во некој сок за да не бидат суви.