Добро утро драги пријатели, почитувани домаќинки и домаќини. После обилните јадења, главно од месо и сувомеснато, сметам дека за промена добро би ни дошло некое чорбесто јадење на лажица. Верувам дека ќе ви се допадне рецептот и начинот на која јас ја приготвувам кафеанската пилешка чорба.

Чорбичката е преполна со зеленук, многу е здрава, вкусна и хранлива. Затоа, не го заобиколувајте овој рецепт, туку испробајте го, бидејќи нема да се разочарате. Не заборавајте дека се наоѓате на вистинското место каде се готви со многу љубов и малите тајни се споделуваат со вас.

За да ја приготвите оваа вкусна чорба, вам ќе ви бидат потребни следните состојки: 5 батаци со карабатак, 1 главица кромид, 1 корен од пашканат, 1 корен од целер, 2 моркови, 1 поголем компир, 100 г мешавина од зеленчук за руска салата, 2 ловорови листови, неколку зрна црн пипер и синап.

За „Орли запршка”: 500 мл млеко, 4 лажици брашно, сол, сув зеленчуков зачин (вегета), црн пипер, магдонос и други билки по вкус. Рецепт и видео презентација на Валентина Машковиќ – Ненадмината кафеанска пилешка чорба – Оригинален рецепт, после кој не ви е потребен ниеден друг.

Постапка: Пилешкото месо измијте го, исцедете го и исчистете го, па ставете го во големо тенџере со вода, додадете ја мешавината од зеленчук (за руска салата). Поголем корен од пашканат добро исчистете го и исечкајте го на коцкички, а потоа истото направете го и со морковите.

Еден корен од целер со средна величина излупете го и исчистете го, па ситно исечкајте го на коцкички како пашканатот и морковот. Вака исечканиот зеленчук додадете го во водата со месото. Остануваат уште компирот и кромидот, кои исто така треба да се излупат и исечкаат.

Откако и нив ситно ќе ги исечкате, додадете ги во остатокот од зеленчукова мешавина. Доколку имате и корен од магдонос, искористете го и целиот додадете го, ќе добиете многу убав вкус на чорбата (може да го исечкате или да го ставите цел, па подоцна да го извадите).

Вклучете ја чорбата да се вари на умерен оган (на тројка), па кога ќе зоврие намалете ја температурата на многу тивко за да не се подигнува пена и да се сочуваат што повеќе од хранливите состојки. Тенџерето за тоа време треба да биде поклопено за да не испарува премногу водата.

Некаде на половина од готвењето додадете две јунешки коцки за бујон, бидејќи чорбата е бела, и во неа нема да се додава запржено брашно. Ова на чорбата ќе и даде посебен вкус. Потоа, додадете 2-3 ловорови листови и неколку зрна црн пипер и синап кој ќе го збогати вкусот.

Продолжете со готвењето додека пилешкото месо да се свари. Може да го оставите целосно да се развари или да го извадите за да го исчистите од коските. Откако ќе ги извадите батаците, оставете ги малку да подизладат, па отстранете ја кожата и коските од нив.

Чистото месо ситно исечкајате го на коцки, па вратете го назад во чорбата. Започнете со приготвувањето на белата запршка: Обично на еден литар течност се додава една супена лажица брашно. Во случајот имаме приближно четири литри течност, па ќе ни бидат потребни 4 лажици брашно.

Значи, во еден подлабок сад ставете 4 лажици брашно и додадете малку млеко (од половина литар). Изматете добро со жица маталка за да добиете смеса без грутчиња, па додадете го и остатокот од млекото. Може да додадете и едно разматено јајце, но и не мора.

Во меѓувреме зачинете ја чорбата со рамна лажичка сол. Не заборавајте, говедската коцка исто така, содржи сол, па затоа најдобро е да посолите според вкус. Потоа додадете две-три мали лажички сув зачин, малку црн пипер и да ја ставете чорбата убаво да зоврие.

Кога ќе зоврие супата, започнете постепено да го додавате разматеното брашно со млеко и мешајте постојано со жицата. Оваа бела запршка че и даде малку густина и одличен вкус. Мешањето продолжете го со дрвена лажица околу 10-тина минути за да не загори брашното.

Извадете го ловоровиот лист. Вкусете ја чорбата на крај и доколку е потребно зачинете со уште малку сол, црн пипер или сув зачин. Може да ја послужеѕе како предјадење, но и како главно јадење. Одозгора наросете ситно сечкан свеж магдонос. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.