Вашите пријатели и семејството дефинитивно ќе го обожаваат овој колач за кој не мора да одвоите повеќе од 5 минути време. Многу лесно и брзо се подготвува, а сепак се добива извонредно квалитетен колач. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 јајце, 1 прстофат сол, 50 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 20 г брашно, 20 г пченкарен скроб/нишесте/густин, 500 мл млеко, 50-60 г путер, 300 г чоколадни бисквити, 180 г млечно чоколадо, 90 мл слатка течна павлака (крем), 90 г крупно мелени кикирики




ПОСТАПКА: Во подлабок сад (тенџере) скршете едно јајце, додајте прстофат сол, 50 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 20 г брашно, 20 г скроб/нишесте, па соединете ги сите состојки со кујнска маталка.




Добро измешајте додека гранулестите состојки да се растопат и да добиете хомогена, мазна смеса без грутчиња. Започнете постепено да го додавате млекото на неколку наврати додека непрекинато мешате за да се раствори.




Потоа тенџерето ставете го на рингла и загревајте на умерена температура. Мешајте непрекинато и варете го кремот сè додека да ја постигне посакуваната густина. Потоа додајте го путерот исечкан на помали коцки и мешајте додека да се растопи и инкорпорира.




Кремот нема потреба да се остава да се лади. Во калапот во кој ќе го правите колачот наредете еден ред бисквити (3х3), па одозгора прелијте третина од топлиот крем. Бисквитите исто така, нема потреба од претходно натопување во млеко, зашто ќе омекнат од самиот крем.




Распоредте, израмнете, па наредете втор ред бисквити. Излејте ја втората третина од кремот, премачкјате и израмнете, па наредете трет ред бисквити. Врз нив распоредете го остатокот од кремот, израмнете и колачот тргнете го настрана.




Во посебен сад искршете го чоколадото на помали парчиња и прелијте го со загреана течна слатка павлака (внимавајте да не ви зоврие при загревањето). Почекајте една минута, па промешајте за да се растопи чоколадото и соедини со кремот.




Додајте ги кикириките, промешајте и залијте го колачот. Оставете го колачот во фрижидер неколку часа додека да се стегне, па сечете и послужете. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.