Home ТЕСТО Надуени, надуени немасни „пуфки“…Рецепт за пекарски уштипци кои не впиваат масло…

Надуени, надуени немасни „пуфки“…Рецепт за пекарски уштипци кои не впиваат масло…

Надуени, надуени немасни „пуфки“…Рецепт за пекарски уштипци кои не впиваат масло…Многу брз и лесен рецепт кој можете да го приготвите за појадок, вечера или закуска…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

1 чаша кисело млеко, густ јогурт или кисела павлака
1 јајце
2 лажици маслиново масло
1 лажичка сол
1 кесичка прашок за печиво
3 чаши брашно +- (се додава постепшено, по потреба)

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад измешајте ги сите наведени состојки, а брашното помешано со прашок за печиво додавајте го постепено. Кога тестото ќе стане компактно, замесете го со рака, 5 минути. Треба да биде меко, но да не се лепи.

Оставете го да одмори 10 мнинути, па развлечете го на набрашнета работна површина во правоаголна кора со дебелина од приближно 5 мм. Исечете ја кората на коцки по ваша желба.

Пржете ги во умерено загреано масло и почекајте да се надујат како балончиња и да заруменат од долната страна. Потоа превртете ги и допржете ги и од другата страна. Постапката погледнете ја ОВДЕ: