На овие крофнички никој не може да им одолее…Меки се како памук и не впиваат масло…Еве што ви е потребно за да ги подготвите:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
1 чаша топло млеко (200 мл)
0.5 чаша топла вода (100 мл)
1 кесичка сув квасец 11 г
1 лажица шеќер
1 лажичка сол
1 лажичка путер, на собна Т
1 јајце на собна Т
4-4.5 чаши брашно, по потреба
ПОСТАПКА:
Квасецот растворете го во млака вода со лажица шеќер и оставете го 10-тина минути на топло место за да се активира и запени. Потоа додајте млако млеко и јајце, па помешајте. Започнете постепено да го додавате брашното помешано со солта.
Јас додадов нешто повеќе од 4 чаши брашно. Кога ќе стане компактно започнете да го месите со рака. Пред крај додајте лажичка путер и домесете го уште 2-3 минути за да се инкорпорира. Тестото треба да биде средно меко и да не се лепи.
Покријте го со фолија и оставете го на топло место да ферментира 45 минути или колку што е потребно за да го удвои волуменот. Стасаното тесто истресете го врз малку набрашнета површина, нежно премесете го и поделете го на 2 дела.
Обликувајте векнички и исечете 15-16 парчиња. Обликувајте топчиња и наредете ги врз површина посипана со малку брашно. Потоа со прстот направете дупче во секое топче за да добиете крофничка со облик на прстен.
Вториот чекор, откако ќе им направите дупче, е да го проширите, така што внимателно ќе ја развлечете крофничката со прстите од двете раце.
Оставете ги вака да одморат покриени додека го загревате маслото на умерена температура. Спуштете ги крофничките во загреаното масло и почекајте да се надујат и да заруменат до долната страна, пред да ги превртите и испржите и од другата страна.
За да превенирате затворање на дупчето, кога ќе ги спуштите во маслото ставете ја дршката од дрвена лажица во средината од секоја крофничка, 2-3 секунди, додека да се надујат и го задржат прстенестиот облик.
Кога ќе заруменат од двете страни извадете ги во посебна чинија, а по желба можете да ги валате во ситен шеќер или шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.