НАЈВКУСНИТЕ ДОМАШНИ ПЕЧИВА…Меки и пуфлести како снегулки…Овој рецепт го научива од баба ми. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 мл топло млеко
4 лажици шеќер
1 лажичка ванилин шеќер
1 лажичка сол
2 (1 цело + белка) јајца на собна Т
10 г сув квасец
1 лажичка прашок за печиво
80 мл масло
50 г путер
1 лажица оцет 9%
850 г брашно
За премачкување: 1 жолчка + 1 лажичка млеко

ПОСТАПКА:

1.Измешајте млеко, квасец, шеќер, ванила, сода, прашок за печиво, едно јајце и белка (жолчката сочувајте за премачкување) и масло, па започнете постепено да го додавате брашното.

Кога ќе добиете меко тесто додајте го омекнатиот путер и месете уште кратко, додека да се инкорпорира. Кога ќе се измазни, тестото покријте го со фолија и крпа и оставете го да ферментира 45 минути или додека да го удвои волуменот.

2.Стасаното тесто поделете го на 16 топчиња и наредете ги во намастен плех. Покријте ги и оставете ги да ферментираат 20 минути.

3.Премачкјате ги со жолчка и посипете ги со сусам. Печете ги 25-30 минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Кога се печени покријте ги со крпа и оставете така да се подизладат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.