НАЈВКУСНАТА ДОМАШНА ГИБАНИЦА НА СВЕТОТ… Мојата 83-годишна мајка ме замоли да и ја правам секоја недела…Ова е единствената гибаница која „игра в раце“, толку е мека и полна со фил. За нас ова е најубавата пита со сирење.

Мајка ми и целото семејство ме замолија да ја правам секоја недела. Целата куќа мириса кога се пече. Оваа гибаница има посебен вкус и мирис…Направете ја и уверете се сами. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
500 кг брашно за тестото + 150 г домесување
300 мл млака вода
10 г сув квасец
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
100 мл масло

За фил:
500 г ситно бело сирење
6 јајца

И уште:
по 2 лажици масло врз секоја кора
За полевање одозгора:
2 јајца
100 мл млеко

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад измешајте ги состојките потребни за тестото, а со постепено додавање на брашното замесете меко тесто. Покријте го и оставете го да ферментира додека да го зголеми волуменот.

2.Во подлабок сад изматете 6 јајца и помешајте ги со ситно сирење. Смесата треба да биде полутечна.

3.Тестото истресете го врз набрашнета површина, нежно премесете го и поделете го на 8 топчиња. Потоа секое топче развлечете го во голема кора, а за да не ви лепи посипувајте брашно по потреба.

4.Првата кора веднаш ставете ја растресено во плех со средна големина, малку посипан со брашно. Распоредете фил, па преклопете со втората кора, исто така растресито. Одозгора посипете 2 лажици масло, а потоа фил.

5.Постапката повторете ја до 8.кора, која се посипува само со 2 лажици масло. Потоа питата исечете ја на коцки и залијте ја со мешавина од 2 јајца и 100 мл млеко и протресете ја.

Оставете ја малку да отстои додека да го прими преливот, 20-30 минути.

6.Питата печете во претходно загреана рерна на 220 степени, приближно 30-40 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.