Home ТЕСТО Најмекото тесто за секакви печива…Тајна како секогаш да нарасне како лудо…Рецептот никогаш...

Најмекото тесто за секакви печива…Тајна како секогаш да нарасне како лудо…Рецептот никогаш повеќе нема да го промените ️

Најмекото тесто за секакви печива…Тајна како секогаш да нарасне како лудо…Рецептот никогаш повеќе нема да го промените…Проверен е многупати за сите видови печива и сѐ излегува перфектно добро…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

600 г брашно (+ 2 лажици) тип 500
80 г шеќер,
1 лажичка сол,
400 мл топло млеко,
1 јајце
10 г сув квасец (1 пакување)
30 г + 30 г путер
2 лажички 9% оцет

ПОСТАПКА:

1.Во млако млеко растворете шеќер, лажичка сол, квасец и едно јајце. Смесата сипете ја во брашното и промешајте со шпатула, а потоа замесете со рака.

2.Кога тестото ќе стане компактно, истресете го на намастена работна површина и со дланките сплескајте го и премачкјате го со 30 г омекнат путер.

3.Премесете го кратко за да го апсорбира путерот, па повторно сплескајте го и полијте го со 2 лажички оцет. Повторно премесете го и обликувајте го во топка.

4.тестото оставете го во намастен сад, покријте го и оставете да ферментира 1 час. По изминатото време развлечете го во кора и премачкјате ја со 30 г омекнат путер.

5.Преклопете ја на трипати за да добиете правоаголник, па исечете 6 парчиња. Секое парче издолжете го и свиткајте го како да цедите крпа, па спијте ги краевите за да добиете ѓеврече.

6.Ѓевречињата наредете ги во плех обложен со хартија и премачкјате ги со жолчка помешана со лажица млеко.

7.Посипете ги со сусам, ким или крупна сол и оставете да нараснат 15-20 минути или додека рерната се загрева на 180 степени. печете ги 25 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.