Посни палачинки што секогаш успеваат – тајната е во една состојка
Ако барате лесен и проверен рецепт за посни палачинки, оваа верзија со тајна состојка – пудинг од ванила – ќе ве изненади со својата мекост и богат вкус.
Идеални се за појадок, десерт или лесна вечера, а уште подобри се што остануваат меки и следниот ден. Совршен избор за сите што сакаат брз, економичен и вкусен посен рецепт, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

🛒 Потребни состојки:
• 250–300 г брашно
• 1 кесичка пудинг од ванила
• 1 кесичка ванилин шеќер
• 1 прстофат сол
• 2–3 лажици шеќер
• 300 мл кисела вода (2 шолји по 150 мл)
• ½ сок од лимон
• 50 мл масло
• ½ кесичка прашок за печиво
• 200–250 мл вода (по потреба, за разредување)


👩🍳 Постапка:
1. Во длабока вангла додајте ги сувите состојки: брашно, пудинг од ванила, ванилин шеќер, сол и шеќер.
2. Сипете ја киселата вода и матете со миксер додека да добиете мазна смеса без грутки.
3. Додајте го сокот од лимон и маслото, па продолжете со матење.
4. Додајте го прашокот за печиво и постепено сипете вода додека да добиете потечно тесто (конзистенција типична за палачинки).
5. Загрејте тава за палачинки и лесно премачкајте ја со масло.
6. Печете ги палачинките на средна температура додека да поруменат од двете страни.
7. Филувајте по желба – со џем, крем или свежо овошје.
💡 Совети за совршени палачинки:
• За дополнителна арома, додајте неколку капки природна ванила или рендана кора од лимон.
• Ако сакате поздрава варијанта, дел од брашното заменете со интегрално.
• Чувајте ги неполнети, покриени – следниот ден само кратко загрејте ги во тава.
• Постапката погледнете ја ТУКА.





































