НАЈЛЕСНИОТ И НАЈВКУСНИОТ ПЕКАРСКИ РЕЦЕПТ…Мекици како памук, ги правам редовно за појадок…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
6.5 чаши брашно
3 чаши млака вода
1 лажица сол
1 лажичка шеќер
1 кесичка инстант квасец
ситно сирење/урда за фил
ПОСТАПКА:
Во млаката вода растворете ги квасецот и шеќерот, па додајте го брашното помешано со сол и замесете доста меко тесто. Покријте го и оставете го да ферментира 40-тина минути на топло место.
Кога ќе го удвои волуменот тестото истресете го врз набрашнета површина и нежно премесете го за да прими доволно брашно колку да не е веќе лепливо.
Поделете го на 12 топки. Оставете ги 10 минути врз набрашнета површина, покриени за да не се сушат.
Со прстите отворете го секое топче во тркалезна кора, на едната страна ставете фил, па преклопете и со прстите притиснете за да се залепи тестото. Вишокот отсечете го.
Мекиците спуштајте ги во умерено загреано масло со длабочина од 1.5-2 см и пржете ги додека да заруменат од двете страни. Постапката погледнете ја ОВДЕ:
https://youtu.be/ZypeaiNwOHQ?si=FpygF2ZuIIOW_SwP