Најмекото тесто за секакви печива…Тајна како секогаш да нарасне како лудо…Рецептот никогаш повеќе нема да го промените…Проверен е многупати за сите видови печива и сѐ излегува перфектно добро…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
600 г брашно (+ 2 лажици) тип 500
80 г шеќер,
1 лажичка сол,
400 мл топло млеко,
1 јајце
10 г сув квасец (1 пакување)
30 г + 30 г путер
2 лажички 9% оцет
ПОСТАПКА:
1.Во млако млеко растворете шеќер, лажичка сол, квасец и едно јајце. Смесата сипете ја во брашното и промешајте со шпатула, а потоа замесете со рака.
2.Кога тестото ќе стане компактно, истресете го на намастена работна површина и со дланките сплескајте го и премачкјате го со 30 г омекнат путер.
3.Премесете го кратко за да го апсорбира путерот, па повторно сплескајте го и полијте го со 2 лажички оцет. Повторно премесете го и обликувајте го во топка.
4.тестото оставете го во намастен сад, покријте го и оставете да ферментира 1 час. По изминатото време развлечете го во кора и премачкјате ја со 30 г омекнат путер.
5.Преклопете ја на трипати за да добиете правоаголник, па исечете 6 парчиња. Секое парче издолжете го и свиткајте го како да цедите крпа, па спијте ги краевите за да добиете ѓеврече.
6.Ѓевречињата наредете ги во плех обложен со хартија и премачкјате ги со жолчка помешана со лажица млеко.
7.Посипете ги со сусам, ким или крупна сол и оставете да нараснат 15-20 минути или додека рерната се загрева на 180 степени. печете ги 25 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/PSMFU3TS9pI?si=dB5Oo-y1f3H9Xeb7