Ова е едно многу вкусно, брзо и лесно јадење кое може да го правите за ручек или вечера. На овој начин, мусаката е богата и сите нетрпеливо ја чекаат да се испече и да се послужи.

Вака ја подготвувам веќе 20 години и рецептот не го менувам. Состојките се исти како што ја правев порано и како што ја правам сега. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 компири, 300 г зелка, 2 главици кромид, 2 чешниња лук, 3 моркови, 2 лажици масло за јадење (24 мл), 300 г мелено месо, 1 зелена пиперка, 3 свежи црвени пиперки, 1/2 чајна чаша вода (45 мл), 1 лажичка црвено чили во прав, 1/2 лажичка коријандер, 1/2 лажичка црн пипер, ким, мајчина душица, 1 лажичка сол, 150 г мали домати.

И уште ќе ви биде потребно: 3 јајца, 2 лажици маслиново масло, 1 лажичка црн пипер, црвен пипер, сол, 1/2 чаша јогурт (100 мл), 100 г рендан кашкавал.

ПОСТАПКА: Компирите измијте и излупете ги, па исечкајте ги на средни коцки. Пренесете ги во тенџере и прелијте ги со вода. Ставете на средна температура да се сварат, а во водата може да додадете малку сол. Кога компирите ќе се сварат, процедете ги од водата и оставете ги настрана.

Во меѓувреме, на кујнска даска исечкајте ја зелката на ситно, па ставете ја настрана. Двете главици кромид излупете ги, па исечете ги на ситни коцки.

Ставете го сечканиот кромид настрана, а потоа чешнињата лук поминете ги низ преса или исечкајте ги ситно. Морковот исечкајте го на тенки полукругови.

Во подлабоко тавче ставете малку масло да се загрее, па ставете го меленото месо. Кога месото ќе посиви, додајте го ситно исечканиот кромид (може и да се сомеле по желба) и сечканото лукче.

Гответе на умерена температура, додека кромидот да омекне и да ја испушти својата прекрасна арома.

Негде при средина на готвењето додајте ги морковите и промешајте. Исечкајте ги црвените и зелените пиперки на ситно, па додајте ги и нив во тавчето. Кога течноста од месото ќе испари, прелијте со половина шолја вода и гответе додека да испари.

Зачинете по вкус со сол, црн пипер, сува мајчина душица, коријандер, чили или лута зачинска пиперка. Промешајте ги зачините, па пред крајот на готвењето, додајте ги црешестите домати, поделени на пола. Покријте со капак и гответе уште 5 минути додека да омекнат.

Вака подготвениот фил тргнете го настрана, а во меѓувреме подгответе го сосот/преливот. Во еден подлабок сад скршете ги трите јајца и пенасто изматете ги со виљушка. Додајте 2 лажици маслиново масло и посолете, запиперете и зачинете со црвена пиперка. Промешајте.

Излејте во преливот половина шолја јогурт и повторно соединете. Потоа подгответе го плехот во кој ќе ја печете мусаката: намастете го со малку масло со помош на силиконска четка.

Потоа на дното наредете половина од сварените компири. Потребно е да се покрие целото дно, па затоа залијте со три кутлачи од сосот од јајца и јогурт.

Врз сосот наредете малку од ренданиот кашкавал, па распоредете го филот од месо и зеленчуци.

Добро натапкајте го филот така што ќе се срамни, па ставете уште малку кашкавал. Врз кашкавалот рамномерно распоредете ги преостанатите компири, па излејте го преостанатиот прелив и израмнете. По желба наросете со сусам или ким и наредете го остатокот од кашкавалот.

Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 20-25 минути, со проверување.

Оставете малку да се подизлади, па сечете ја и послужете ја. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.