Многу вкусно јадење, се приготвува за кратко време.

Потребни состојки: 350 г пилешко бело месо, 1 главица кромид, 1 пиперка, 2 стебленца целер, 150 мл млеко, 100 г кашкавал, 1 јајце и сол, црн пипер

Постапка: Сварете го пилешкото месо во солена вода, а потоа исечете го на коцки. Зеленчукот измијте го и исчистете го. Кромидот исечкајте го на ленти или коцки, а пиперката и целерот на коцкички.

Запржете го кромидот на малку маслиново масло, а потоа додадете ги исечканата пиперка и целерот. Додадете го издинстаниот зеленчук во сечканото месо и целата смеса ставете ја во сад за печење.

Добро измешајте го јајцето со млекото и кашкавалот, па прелијте преку месото и зеленчукот. Одозгора изрендајте уште малку кашкавал. Запечете во рерна на 220 степни.