Мухалеби кадаиф – нешто толку едноставно а превкусно!

Фото и рецепт: Елена Мишковска

Потребни состојки:

300 г кадаиф

150 г путер

Loading...

5 големи лажици шеќер

150 г сечкани ореви

КРЕМ:

1 литар млеко

1 чаша шеќер

4 лажици брашно

3 лажици густин

1 жолчка

200 мл слатка павлака

1 ванилин шеќер

Постапка:

300 г кадаиф се става во замрзнувач околу 1-2 часа, па се дроби ситно. Во поголема тава се топи 150 г путер, се додаваат 5 лажици шеќер, се топи, па се додава кадаифот и се пржи на тивко додека да добие златнокафеава боја. Се додаваат 150 г сечкани ореви и се продолжува со пржење уште 10 минути. Се остава да излади.

Правиме крем од 1 литар млеко, 1 чаша шеќер, 4 лажици брашно, 3 лажици густин, 1 жолчка, се вари како за пудинг. Оставаме 15 минути малку да излади па додаваме 200 мл слатка павлака, 1 ванила и мешаме да се изедначи.

Во правоаголен сад ставаме половина од кадаифот, врз него кремот, па втората половина од кадаифот. Се става во фрижидер убаво да излади околу 3-4 часа, па потоа се сече и послужува.

Loading...