Home Рецепти МРАМОРЕН СО ВИШНИ…На малку поинаков начин…Сочен и освежителен, за секој период од...

МРАМОРЕН СО ВИШНИ…На малку поинаков начин…Сочен и освежителен, за секој период од годината…

МРАМОРЕН СО ВИШНИ…На малку поинаков начин…Сочен и освежителен, за секој период од годината…Рецептот на Дука ќе ве воодушеви. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 г брашно
200 г шеќер
4 јајца
125 мл масло
125 мл вода
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка прашок за печиво
20 г какао во прав
3 лажици рум или амарета
околу 400 г вишни/цреши

ПОСТАПКА:

Во посебни садови одвовјте ги белките од жолчките. Белките пенасто изматете ги во цврст снег. Жолчките исто така, пенасто изматете ги со шеќерот и ванилиниот шеќер додека да добиете кремаста смеса.

Наизменично додавајте масло и вода. Потоа брашно измешано со прашокот за печиво. На крајот додајте го снегот од белки, но мешајте со лажица за да се добие пенлива структура.

<

Половина од смесата истурете ја во тавче обложено со хартија за печење (големина 33х22 см). Во преостанатата смеса додајте какао измешано со рум или амарето.

Сипете врз белата смеса и направете шари по желба. Одозгора нафрлете вишни или цреши. Колачот исто така можете да го испечете и во калап за куглоф, претходно добро намастен со путер и наросен со брашно.

Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 1 час или според вашиот шпорет..Рецепт на Дука / Сооlinarika.сom