Превкусен, евтин, брз и многу сочен.. Чоколаден колач кој сите ги изненади со својот вкус, а подолу е рецептот за тие што не знаат како да го направат. Има многу рецепти за подготовка на вакви колачи, а според вкусот може да се прилагодува..

Ова е рецепт без јајца, но да ви кажам искрено дека вака ми е многу поубав. Покрај тоа, некогаш кората не ја ни печам туку ја подготвувам на еден друг начин. Има неодолив вкус кој се топи во уста..

Потребни состојки: 100 г чоколадо, 100 г путер, 1/3 чаша шеќер (80 г), 1 1,2 чаша брашно (120 г), 2 лажици какао, 1 лажичка прашок за печиво, 1/2 чаша млако млеко (125 мл), 1/2 лажичка ванилин екстракт.

За белиот крем: 200 мл хопла, 1/4 чаша шеќер во прав (60 г). За чоколадната глазура: 100 г чоколадо, 1/3 чаша топло млеко. Постапка: Во еден сад ставете го чоколадото скршено на коцки со путерот.

Додајте го шеќерот и ставете на пареа да се соедини во еднолична смеса. Потоа тргнете од рингла и додајте ги следниве состојки просеани низ сито: брашно, какао, прашок за печиво. Измешајте сѐ со помош на шпатула.

Додајте го млакото млеко и ванилиниот екстракт и соединете ги сите состојки. Во правоаголен плех со средна димензија, премачкајте го со малку масло и на дното ставете хартија за печење. Излејте ја чоколадната смеса и малку натапкајте го плехот за да се ослободат гасовите од него.

Кората може да ја подготвите на два начина. Првиот начин е во поголемо тенџере, во кое го собира плехот, да ставите решетка на дното, да поклопите со капак и да почекате да се загрее некои 5-10 минути на средна температура.

Потоа го тргате капакот, на решетката го ставате плехот со чоколадната смеса, враќате капак и оставете да се готви 25-30 минути на ниска температура. По изминатото време, треба внимателно да го извадите плехот за да не се изгорите.

Вториот начин е да ја испечете кората во рерна на 180 степени, 25-30 минути. По печењето, се остава да излади и се превртува на дрвена кујнска даска. Е сега, доколку сакате да правите торта ја филувате вака кората, цела каква што е.

Јас ја поделив на 3 еднакви делови и секој дел го ставив во специјално калапче со иста големина и добив помали колачи. За подготовка на белиот крем: Хоплата ја матите пенасто со миксер заедно со шеќерот и одозгора премачкувате врз испечената кора.

За чоколадната глазура: Стоплете го млекото нешто пред вриење и во него додајте го чоколадото на коцки. Измешајте до соединување и одозгора прелијте врз колачот. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.