МОЗАИК ЈАЈЦА – интересна идеја за фарбање на велигденски јајца

Ова е евтина и интересна идеја за декорација на јајца – како да ги фарбате и да ги украсите мозаик јајцата!

Ако оваа година сте одлучиле покрај задолжителните црвени јајца да направите и некои поинакви, шарени јајца за вашата велигденска корпа, тогаш ова е одлична идеја за вас!

Направете едноставни и ефектни мозаик јајца, а за декорација потребна ви е боја, ножици и изолир лента.

Потребни состојки:

Јајца

Боја за фарбање на јајца

Ножици

Изолир лента

Постапка:

Јајцата прво офарбајте ги вообичаено во саканата боја, на пример во црвена. Додека бојата да прими и јајцето да се исуши, исечете изолир лента во одговарачки облици како што е прикажано во видео снимката.

Парчињата од изолир лентата залепете ги на јајцето како мозаик, така што ќе оставате мал простор помеѓу нив.

Потоа јајцата ставете ги во друга боја, на пример во сина. Кога јајцето ќе се исуши одлепете парчињата од изолир лентата, па ќе добиете најубави изолир јајца.

Погледнете ја целата постапка за фарбање на мозаик јајца: