Право чудо, вкусно и убаво, брзо и едноставно за правење. Секојпат кога и да го направам, ме потсетува на детството, бидејчи овој колач редовно го приготвуваа нашите мајки. Совршен колач, а сепак едноставен.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 јајце, 1 чаша (од 200 мл) шеќер, 1 чаша мелени ореви, 1 чаша млеко, 1 чаша меко брашно тип 550, 1/2 чаша масло (100 мл), 1/2 кесичка прашок за печиво. ЗА КРЕМ: 2 кесички пудинг со вкус бурбон ванила, 6 лажици шеќер, 600 мл млеко, 200 г путер и уште рендано чоколадо за наросување одозгора.

ПОСТАПКА: Пригответе ги состојките за тестото: прво добро изматете го јајцето заедно со шеќерот додека тој да се растопи а смесата да згусне, а потоа додајте ги најпрво течните состојки, а на крај просеаното брашно помешано со прашокот за печиво. Кога смесата ќе се изедначи додајте ги мелените ореви и уште еднаш промешајте.

Добиената смеса излејте ја во намастен плех со величина 35х20 см и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 30-35 минути, во зависност од калапот што ќе го користите и дебелината на бисквитот. Додека сè уште е топол бисквитот натопете го со малку рум (кој не го сака вкусот на румот, може со млеко или сок).

ЗА ФИЛ: Сварете го пудингот вообичаено: одвојте малку млеко и во него растворете го прашокот со пудинг, да нема грутчиња. Остатокот од млекото заедно со шеќерот ставете го на оган. Штом зоврие намалете ја температурата па со постојано мешање додајте го растворениот пудинг.

Варете додека убаво да згусне, а потоа тргнете го на страна и оставете го да олади. Повремено промешувајте за да не фати коричка или едонставно покријте го со прозирна-стреч фолија. Путерот исечкајте го на листови и оставете го да омекне на собна температура.

Пенасто изматете го путерот, а потоа постепено додавјте во него од целосно изладениот пудинг. Добро изматете додека да добиете нежен крем. Со тој крем премачкјате го бисквитот, распоредете рамномерно и израмнете. Одозгора наросете рендано чоколадо. Подолу прочитајте ја верзијата на овој колач за кој има и видео презентација:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 130 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 150 г шеќер, 50 мл масло, 200 мл млеко, 70 г мелени ореви и 1 јајце. ЗА КРЕМ: 6 лажици шеќер, 2 пудинг од ванила, 700 мл млеко, 150 г путер или маргарин

ПОСТАПКА: Во еден сад измешајте го брашното со прашокот за печиво, додајте го маслото и млекото, мелените ореви и јајцето. Изматете добро со миксер додека да се изедначи смесата да биде грутчиња. Излејте ја во намастен плех, обложен со хартија за печење.

Израмнете и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. Во меѓувреме подгответе го пудингот: во 200 мл млеко измешајте го пудингот и шеќерот, а остатокот од 500 мл ставете го во тенџере на оган. Штом зоврие, излејте го разматениот пудинг со постојано мешање додека да се свари и згусне. Оставете го да се олади.

Во ладниот пудинг додајте го путерот претходно омекнат на собна температура, па заедно измиксакте ги додека да се соединат во нежен крем. Излејте го врз печениот и изладен бисквит, распоредете и израмнете. Одозгора наросете чоколадо во прав или рендано чоколадо. Оставете го во фрижидер да се олади неколку часа, па сечете го и послужете го. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.