Моќен домашен антибиотик кој ги уништува сите инфекции во телото – една лажичка се бори со 50 болести

Постојат многу домашни препарати приготвени од природни состојки кои имаат моќ да лекуваат секакви болести, но овојпат ќе ви го претставиме домашниот антибиотик според формулата на д-р Шулц. Имено, овој доктор се прославил токму поради неговите средства за лекување и имунитет.

Доктор Ричард Шулц е светки познат лекар кој користи древни и едноставни природни рецепти и техники за лекување, кои биле запишани во стари записи, а некои и во Библијата.

Тој тврди дека не постојат неизлечиви болести, а единствените луѓе кои не се излекувале од својата болест се оние кои не сакале да се откажат од своите лоши навики и да воведат промени во животот.

Loading...

Неговиот најпопуларен рецепт му е токму овој кој денес ќе ви го претставиме – рецептот за домашен природен антибиотик кој успешно се бори со 50 видови болести, вклучително сите видови воспаленија и инфекции.

Покрај тоа ја зајакнува и подобрува крвната слика, а имунилошкиот систем го стабилизира. Д-р Шулц го нарекува супертоник, затоа што во него се содржат комбинации од најдобрите својства на билките извлечени во вид на тинктура. Иако лекот целосно е хербален, тој е доста силен и поради тоа треба да зема внимателно.

Потребни состојки:

Домашна јаболкова киселина по потреба
100 г лута пиперка (чили)
500 г црвен кромид
500 г лук
500 г рен
250 г корен од ѓумбир

Постапка:

Сите состојки излупете ги и исечете ги ситно или сомелете ги. Ставете ги во голема стаклена тегла и прелијте со јаболков оцет, да има три прсти над смесата. Потоа затворете ја теглата и протресете добро.

Оставете да отстои на темно и ладно место најмногу 2-6 седмици. Колку подолго стои толку посилен лек се добива. Само потребно е повремено да го протресувате.

По изминатиот период процедете го низ газа и добро истискајте ги состојките. Тинктурата складирајте ја во нетранспарентно шише за да се заштити од светлина.

Чувајте го на ладно и темно место. Можете да ја користите тинктурата за лекување на воспаленија, настинки и инфекции за да го зајакнете имунитетот и да го подобрите варењето на храната. Се препорачува да се користи секој ден.

Употреба: по 1 лажичка од тинктурата растворена во 100 мл вода. Се пие полека и може да додадете и мед за да го збогатите вкусот. Не заборавајте да пиете доволно течности во текот на денот. Ако го користите домашниот антибиотик за лекување на специфичен здравствен проблем, може да го земате до 5-6 пати на ден.

Овој неверојатен природен антибиотик не содржи апсолутно никакви токсини и обезбедува многу здравствени придобивки како што се: го зајакнува имунолошкиот систем, помага во случај на чувствителност на инсулин и го намалува холестеролот во крвта, ја нормализира киселоста во организмот, има силни антибактериски, антивирусни и антифунгални својства, а исто така го поддржува производството на енергија, со што ја зголемува менталната и мускулната работа. Покрај тоа – помага да се подобри работата на дигестивниот тракт и има исклучителни пробиотички својства.

Loading...