МОЈОТ СОПРУГ НЕ МОЖЕ ДА ПРЕСТАНЕ ДА ГИ ЈАДЕ: Тајната на нивниот вкус сега ќе ви ја откријам… Полни со вкус и текстура, овие печива станаа омилени на многумина, вклучувајќи го и мојот сопруг, а наскоро ќе бидат и ваши!

Тајната зад секој одличен рецепт се крие во квалитетните состојки. Еве што ви е потребно за да ги направите овие вкусни печива:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл, мала чаша од 100 мл):

За тесто:
1 мала чаша топло млеко (100 мл).
1 мала чаша топла вода (100 мл).
1/2 чаша масло (50 мл).
1 лажица шеќер (20 грама).
1 лажица сув квасец (10 грама).
1 лажичка сол (8 грама).
4 чаши брашно (480 грама).

За фил од зеленчук:
1 црвена пиперка
1/2 жолта пиперка
1 домат
1 зелен домат
6 тенки мали зелени пиперки
4 млади зелени кромитчиња
1 лажичка сол
*Сè исечкајте многу ситно, посолете и промешајте.

И уште: 150 г рендан кашкавал (чедар) за посипување
1 жолчка + 1 лажичка млеко за премачкување

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад растворете ги квасецот и шеќерот во мешавина од топла вода, млеко и масло. Додајте ја солта и со постепено додавање на брашно замесете меко, мазно, нелепливо тесто. Покријте го и оставете го на топло да ферментира 45-50 минути.

2.Стасаното тесто премесете го и поделете го на две топчиња. Покријте ги и оставете ги да одморат 10 минути.

3.Земете едно тесто и на малку набрашнета површина развлечете правоаголна корта. Тестото убаво се работи, па помогнете си со рацете да добиете правоаголен облик.

4.Врз кората посипете рендани кашкавал (приближно 50-тина г) и распоредете половина од филот со зеленчук.

5.Внимателно свиткајте ролат и затворете ги краевите.

6.Исечете го ролатот на парчиња (2 прста широки).

7.Парчињата наредете ги во плех обложен со хартија за печење, врз секое посипете малку рендан кашкал и со прстите притиснете за да се спесне.

8.Измачкајте ги со разматена жолчка во која сте додале малку млеко или масло и ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени, 20-25 минути.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.