Мојот омилен брз колач! Идеален за ненајавени гости, а и децата го обожуваат!

Брзо се приготвува и многу го сакаат!

Потребни состојки за тесто:

250 мл вода
100 г путер
1 лажица шеќер
1 ванилин шеќер
150 г брашно
2 прстофат сол
3 јајцамасло за пржење
Масло за пржење

Loading...

За наросување: шеќер во прав, цимет

Прелив:

200 г чоколадо за готвење
100 мл слатка павлака
100 мл млеко
50 г шеќер
Неколку капки екстракт од ванила

Постапка:

Во еден сад ставете вода, путер, шеќер и ванилин шеќер, па кога ќе зоврие нега се готви додека да се стопи путерот.

Тргнете од оган, па додадете го брашното помешано со сол, СЕ’ ОДЕДНАШ, а не малку по малку.

Енергично мешајте со дрвена лажица додека тестото да почне да се одвојува од садот.

Изладете 2-3 минути со спостојано мешање за да не се нафати кора на врвот.

Во топлото тесто додавајте едно по едно јајце. Секое јајце добро измешајте го додека целосно да се впие во тестото, па потоа следното.

Тестото на крај ќе биде мазно и густо. Покријте го и оставете да излади на собна температура.

Тестото префрлете го во слаткарска кеса со модла со димензија 1-2 см, по желба.

ПРВ НАЧИН

Истиснете го тестото директно во длабоко, загреано но не прегреано масло, по 10 см должина…пресечете го остар нож или ножици или едноставно откинете го со прсти.

Пржете не повеќе од 3-4 лентички одеднаш додека да добијат златнокафеава боја и станат крцкави, брзо се готови за околу 1 минута.

Со решеткаста лажица извадете ги и ставете ги на хартиена салветка. Поросете по желба и послужете со прелив од чоколадо.

ВТОР НАЧИН

На хартија за печење малку намастена, наредете ги лентите и печете во рерна на 200 степени околу 20 минути.

За прелив: Сите потребни состојки ставете ги во сад и растопете на тивок оган или на пареа и мешајте додека да добиете мазен и сјаен прелив.

Loading...