Драги мои следбеници, денес ќе споделам со вас вкусен, практичен рецепт за пита со спанаќ.
Ова е многу лесен рецепт, а питата е толку многу вкусна, а сите што ја пробаа ја оценија со 10. запишете си го рецептов и сочувајте си го. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се користи чаша од 200 мл):
1 чаша млако млеко
1 чаша млака вода
1 лажичка шеќер
1 кесичка инстант квасец
1 белка од јајце
60 мл масло
6,5 чаши брашно
1 лажичка сол
За фил:
50 грама рендан кашкавал (чедар)
4-5 млади кромитчиња
1-2 раце свеж магдонос
200 грама сечкан свеж спанаќ
1 лажица масло
За премачкување:
1 жолчка од јајце
1 лажичка масло
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад измешајте млеко, вода, шеќер и квасец, па оставете 5 минути за да се активира квасецот. Додајте ја белката и маслото, па измешајте.
Потоа постепено додавајте брашно и сол и замесете меко и лепливо тесто. Покријте го и оставете го да отстои 45 минути.
Стасаното тесто малку премесете го.
Додајте рендан кашкавал, ситно исечканиот млад кромид, магдоносот и спанаќот и измешајте. Тестото и натаму е доста меко и малку лепливо.
На плех ставете хартија за печење и премачкајте ја со 1 лажица масло. Тестото истресете го на плех.
Одвреме-навреме потопувајте ги рацете во масло и го раширувајте го тестото според големината на плехот.
Питата одозгора премачкјате ја со смеса од жолчка и масло. Наместо со нож, питата исечете ја со прсти.
Покријте ја и оставете ја да отстои 15 минути. Потоа повторно исечете ја питата на парчиња (со прсти).
Ставете да се пече во загреана рерна на 170-180 степени, 20-тина минути или колку што е потребно за убаво да зарумени. Оставете ја малку па подизлади, па послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.