Моите легендарни рачно валани „сахурски“ печива…Сите порачуваат да им ги направам…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл, мала чајна чаша од 125 мл):

1 чаша топла вода 200 мл
1 чаша топло млеко 200 мл
1 чајна чаша масло 120 мл
2 лажици шеќер
1 лажичка сол
1 лажица сув квасец
5-6 чаши брашно

За фил:
фета сирење и магдонос

За премачкување на тестото:
125 г путер
1 чајна чаша масло 120 мл

За премачкување одозгора:
1 жолчка
1 лажичка млеко

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад растворете ги квасецот и шеќерот во мешавина од млака вода и млеко, па додајте масло и започнете да го замесувате тестото со постепено додавање на брашно и сол. Месете 5 минути додека да добиете меко, но нелепливо тесто.

2.Тестото поделете ги на 12 топчиња. Покријте ги и оставете ги да одморат 10-тина минути.

3.Земете едно тесто и развлечете го во голема тенка кора. Премачкјате ја кората со маснотија преку целата површина.

4.Пресечете на 4 дела. Со прстите фатете го едниот триаголник за остриот агол, а со прстите од другата рака започнете да ја собирате кората како лепеза. Повторете ја постапката и со другите 3 дела.

5.На поширокиот крај ставете фил и започнете да виткате како сармичка. Кога ќе дојдете на половина со виткањето, преклопете го остриот врв кон внатре, па продолжете со виткање до крај.

6.Печивата наредете ги во плех обложен со хартија за печење, покријте ги да одморат 15-20-тина минути додека се загрева рерната на 190 степени, па премачкјате ги со жолчка и испечете ги. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/qYrnVRhW7u8?si=XepdttbuR7wYdTSO