Home Посно јадење Многу вкусни ПОСНИ КИФЛИ МЕКИ КАКО ПАМУК…Овие ми се фаворитни…

Многу вкусни ПОСНИ КИФЛИ МЕКИ КАКО ПАМУК…Овие ми се фаворитни…

Многу вкусни ПОСНИ КИФЛИ МЕКИ КАКО ПАМУК…Овие ми се фаворитни…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

350 мл млака вода
10 г сув квасец
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
100 мл масло
700 г брашно
200 г посен маргарин

За премачкување на кифличките помешајте:

1 лажица брашно
3 лажици вода
малку сол
сусам, мак или ким за посипување

ПОСТАПКА:

Растворете ги квасецот и шеќерот во млака вода и оставете 10-тина минути. Потоа сипете го заедно со маслото во брашното помешано со сол и замесете средно меко, еластично тесто.

Тестото веднаш поделете го на 8 дела и обликувајте топчиња. Секое топче развлечете го во тенка кора. Одозгора премачкјате ги со омекнат маргарин и редете ги една преку друга. Само последната кора не ја премачкувајте.

Сите заедно одеднаш развлечете ги во голема тенка кора со дебелина од 5 мм. Пресечете ја на 4 дела, а потоа секој дел на 6 триаголници. Свиткајте ги и ќе добиете 24 кифли. Наредете ги во плех добро намастен со маргарин.

Покријте ги со крпа и оставете ги 50 минути да ферментираат. Потоа премачкјате ги со преливот од брашно и вода и посипете ги со семе по желба. Печете ги 20-тина минути во загреана рерна на 200 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ: