Многу вкусни погачици со 1 јајце…Едноставни и лесни, ги правам секоја недела…
Ако имате 1 јајце, брашно и млеко, не пропуштајте го овој рецепт и подгответе ги овие вкусни домашни кокачиња кои сите ги сакаат. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
400 г брашно
100 мл топла вода
100 мл топло млеко
1 лажица сув квасец
4 лажици шеќер
2 лажици масло
1 јајце (жолчка + белка)
8 г ванилин шеќер
1 лажичка сол
1/2 лажичка прашок за печиво
1 лажица путер
За трошки помешајте со рака:
3 лажици брашно
3 лажици кафеав шеќер
1 прстофат сол
1 лажица путер
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад растворете ги квасецот и шеќерот во млаката вода и млеко, па додајте белка, масло ванила и сол. Постепено додајте го брашното помешано со прашок за печиво и замесете фино, меко тесто.
Додајте путер омекнат на собна температура и домесете го за да се измазни. Покријте го и оставете го да ферментира 1 час додека да го удвои волуменот. Состојките за трошки помешајте ги со рака и оставете ги настрана 20 минути.
Тестото истресете го на набрашнета површина и поделете го на 9 топчиња. Секое топче сплескајте го со прстите и во средината ставете чоколадо или смрзнато топче нутела. Повторно обликувајте топче.
Топчињата од едната страна натопувајте ги во растворена жолчка со малку масло (млеко или вода), па валајте ги и во трошките и редете ги во плех обложен со хартија.
Оставете ги да одморат 20 минути па печете ги 20 минути во загреана рерна на 180 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ: