МНОГУ ВКУСЕН ПОЈАДОК…Едноставни, а вкусни печива за секој ден…може да се смрзнуваат и да си вадите кога сакате…

Овојпат ги приготвивме со фил од компир, но можете да користите и само сирење, мелено месо, спанаќ или нешто по ваш вкус. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 чаша млако млеко 200 мл
1 чаша млака вода 200 мл
1 лажица сув квасец
1 лажица шеќер
1 мала чајна чаша масло 100 мл
1 белка (жолчката сочувајте за подоцна)
1 лажичка сол
5 чаши брашно, се додава по потреба

За фил (по избор):
3-4 компири
1 лажица путер
1 лажичка сол
4 лажици млеко

За премачкување:
1 жолчка
1 лажица млеко

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад измешајте вода, млеко, квасец и шеќер. Додајте масло, белка и сол, па започнете постепено да го додавате брашното. Замесете меко тесто кое не се лепи за рака. Покријте го и оставете го на топло да ферментира 1 час.

2.За фил: сварете ги компирите, испасирајте ги и помешајте ги со путер, млеко и сол. Во компоир пирето додајте и ситно сечкан свеж магдонос.

3.Стасаното тесто нежно премесете го и поделете го на три топки. Секое од тестата развлечете го со оклагија во правоаголна кора и одозгора премачкајте со третина од филот.

4.Кората свиткајте ја во ролат. На ист начин пригответе ги преостанатите две теста.

Ролатите иосечете ги на парчиња со широчина од 2-3 прсти.

5.Парчињата наредете ги во плех обложен со хартија за печење и нежно со прстите притиснете ги одозгора.

6.Премачкајте ги со жолчка и ставете ги да се пелат во претходно загреана рерна на 180 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/JKPk-wtFl0I?si=rX4MqNqqvr0u_zrM