Околу 75 милиони луѓе страдаат од остеопороза во Европа, САД и Јапонија. Состојбата се карактеризира со губење на коскена маса, што доведува до зголемување на ризикот од фрактури.

Кај жените ризикот е четирипати поголем. Ви го претставуваме овој домашен рецепт, познат уште во Античка Спарта, кој содржи состојки кои ќе влијаат позитивно врз коскената густина и ќе помогне во борбата со остеопороза.

Овој рецепт содржи есенцијални состојки кои со векови им помагале на луѓето да се изборат со болната остеопороза.

Рецептот содржи ленено семе, сусамово семе, семки од тиква и семки од сончоглед, пченица, грозје и мед. Еве зошто овие состојки се корисни за коските:

Ленено семе

Омега-3 масните киселини кои се содржат во лененото семе се клучот за заштита на коскената минерализација, која се појавува при дијабетес и во периодот на менопауза.

Сусам

Сусамот е полн со калциум, магнезиум, бакар, витамин Б1, цинк и диетални влакна. Една лажица од ова семе содржи 88 мг калциум, а само една четвртина чаша природен сусам обезбедува повеќе калциум отколку цела чаша млеко. Плус, сусамот има алкален карактер, а млекото кисел. Семето е богато со цинк и други минерали кои имаат позитивен ефект врз коскената густина.

Семки од тиква

Семките од тиква содржат бакар, цинк и витамин К.

Семки од сончоглед

Само една четвртина чаша семки од сончоглед обезбедува над 90% од неопходната дневна доза на витамин Е. Тој ги неутрализира слободните радикали и има антиинфламаторни ефекти.

Семките од сончоглед се богати со магнезиум, кој е потребен за здрави коски и помага во намалување на крвниот притисок, ја намалува напнатоста во мускулите, мигрената, главоболките, општите болки и заморот.

Суво грозје

Сувото грозје се смета за едно од најкорисните овошја во дехидрирана состојба. Додавањето на грозје во исхраната дава неверојатни резултати при различни коскени заболувања и остеопороза. Тие содржат магнезиум, калциум, железо, калиум, фосфор, цинк, флоур, фолна киселина, ниацин, витамин Ц, витамин B-6 и К.

Мед – Јадете мед за здрави коски

Медот содржи широк спектар на витамини, минерали, аминокиселини и антиоксиданси. Во него има ниацин, рибофлавин и пантотенска киселина, калциум, бакар, железо, магнезиум, манган, фосфор, калиум и цинк, кои помагаат за зацврстување на коските.

Медот содржи и различни флавоноиди и фенолни киселини кои го прочистуваат организмот од слободните радикали.

Спартански рецепт за здрави коски:

Потребни состојки:

– 10 лажици ленено семе

– 5 лажици мелено сусамово семе

– Неколку семки од тиква

– Сончоглед

– 3 лажици суво грозје

– 1 кг мед од детелина

Во голем сад измешајте ги сите состојки и мешајте додека не се добие хомогена смеса со помош на дрвена лажица. Складирајте во стаклена тегла.

Употреба:

Земајте по една лажица од овој природен лек за остеопороза, пред појадок и пред ручек.