Home СЛАТКО ЏЕМ МАРМАЛАД Многу лесен и вкусен мармалад од кајсии без конзерванси…Само 3 состојки

Многу лесен и вкусен мармалад од кајсии без конзерванси…Само 3 состојки

Многу лесен и вкусен мармалад од кајсии без конзерванси…Само 3 состојки..Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 кг кајсии
1.5 кг шеќер
1/2 лимон – сок

ПОСТАПКА:

1.Измијте ги кајсиите и исчистете ги од семки, па исечкајте ги. Во големо тенџере редете слој кајсии, слој шеќер. На 1 кг кајсии се додаваат 500 г шеќер.

2.Вака оставете ги да отстојат 24 часа, но ако немате време, започнете го готвењето веднаш. Ставете го тенџерето на оган на ниска температура и оставете 15-20 минути овошјето да го пушти сокот.

3.Промешајте и продолжете да го готвите 45 минути на контролирана температура. Повремено собирајте ја пената што ќе се формира на површината.

<

4.парчињата мармалад веќе треба да се се распаднати, но дополните измиксајте со рачен блендер за да добиете фина, мазна конзистенција.

5.Намалете ја температурата на најниско, додајте сок од половина лимон и продолжете со мешање уште 5 минути. Потоа исклучете го огнот и мармаладот е готов.

6.Полнете жежок мармалад во жешки тегли, претходно стерилизирани. Веднаш затворајте ги капаците за да се вакуумираат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.