Многу брзи погачици за појадок…Без квасец, вкусни се и топли и ладни…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 сварени компири со средна големина
1 јајце
1 лажичка сол
1 кесичка прашок за печиво
20 г путер
1/2 китка магдонос или копар
2-2,5 чаши брашното (по потреба)
За фил: сирење, кашкавал или нешто по ваш избор

ПОСТАПКА:

Испасирајте ги компирите и додека се топли додајте го путерот. Во млакото пире додајте го јајцето и соединете го со лажичка сол и прашом за печиво. На крај додајте го ситно сечканото зеленило и изедначете.

Со постепено додавање на брашно замесете меко, еластично тесто кое не се лепи на рака. Оставете го покриено да одмори 10-тина минути или додека да го подготвите филот.

На набрашнета површина поделете го тестото на 4 дела, а од секој дел обликувајте топче. Потоа секое развлечете го во тенка кора. Двете од корите исечете ги на четвртини и на поширокиот крај ставете фил.

Краевите од засеците со четка намачкајте ги со ладна вода. Преклопете ги со преостанатите две кори кои не ги исековте. Со виљушка притиснете ги краевите за да се затворат и да не истекува филот.

Потоа исечете ги повторно на 4 дела (триаголници) и оставете ги на набрашнета површина. Пржете ги во умерено загреано масло додека да заруменат од двете страни. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/8v6hMbgWvrc?si=zJyr8sjis9L6A-gQ