МЛЕЧНИ ПИШИИ МЕКИ КАКО ПАМУК…нема поубав појадок од топли мекици чиј мирис надалеку се осеќа…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

1 чаша топла вода
1 чаша топло млеко
1,5 лажичка сол
1 лажичка шеќер
1/2 кесичка сув или свеж квасец
околу 3-4 чаши брашно по потреба
Времето на ферментација е приближно 30-40 минути

ПОСТАПКА:

Во мешавината од топло млеко и вода растворете ги квасецот, шеќерот и солта, па започнете постепено да го додавате брашното.

Месете додека да стане компактно, меко и нелепливо, но не претерувајте со брашното. Оставете го покриено да ферментира додека да го зголеми волуменот.

Потоа, со намастени раце кинете парчиња и обликувајте топчиња. Оставете ги во намастен сад да одморат 5-10 минути, а потоа повторно со намастени раце развлекувајте ги во тенки питулици и спуштајте ги во умерено загреано масло.

Можете да ги развлекувате и врз намастена чинија. Пред пржењето со прстот во средината од секоја пишија направете мало дупче. Пржете ги од двете страни додека да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.