Home ТЕСТО МЛЕЧНИ ПИШИИ МЕКИ КАКО ПАМУК…нема поубав појадок од топли мекици чиј мирис...

МЛЕЧНИ ПИШИИ МЕКИ КАКО ПАМУК…нема поубав појадок од топли мекици чиј мирис надалеку се осеќа…

МЛЕЧНИ ПИШИИ МЕКИ КАКО ПАМУК…нема поубав појадок од топли мекици чиј мирис надалеку се осеќа…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

1 чаша топла вода
1 чаша топло млеко
1,5 лажичка сол
1 лажичка шеќер
1/2 кесичка сув или свеж квасец
околу 3-4 чаши брашно по потреба
Времето на ферментација е приближно 30-40 минути

ПОСТАПКА:

Во мешавината од топло млеко и вода растворете ги квасецот, шеќерот и солта, па започнете постепено да го додавате брашното.

Месете додека да стане компактно, меко и нелепливо, но не претерувајте со брашното. Оставете го покриено да ферментира додека да го зголеми волуменот.

Потоа, со намастени раце кинете парчиња и обликувајте топчиња. Оставете ги во намастен сад да одморат 5-10 минути, а потоа повторно со намастени раце развлекувајте ги во тенки питулици и спуштајте ги во умерено загреано масло.

Можете да ги развлекувате и врз намастена чинија. Пред пржењето со прстот во средината од секоја пишија направете мало дупче. Пржете ги од двете страни додека да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.