Направете си ја оваа торта со петит бисквити од какао и фил со вкус на млеко, а со додавање на еурокремот се заокружува вкусот на самата торта. Секако, тортата може да се направи и со обични петит бисквити, но тогаш нема да го има тој специфичен вкус, туку многу поблаг, а во оваа торта секоја состојка има своја улога.




Направете си ја во во прва пригода, без разлика дали е за сладење по дома или за некој роденден или друга прослава. Овде, каде што живеам јас, оваа торта е асполутен xит, нема домаќинка што не ја знае. Еве кои состојки ви се потребни:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1,2 литар млеко, 3 кесички пудинг со вкус на слатка павлака или ванила, вкупно 120 г), 10 лажици шеќер, 100 г бело млечно чоколадо, 500 мл слатка павлака, 150 г еурокрем, 750 г какао-петит бисквити (за 4 пати, по 20 парчиња).




ПОСТАПКА: Во пудингот додајте половина од количината шеќер (околу 5 лажици) и приближно 200 мл млеко, па енергично измешајте до соединување на состојките. Внимавајте да не останат грутчиња, прашокот треба да биде целосно растворен.




Во садот во кој ќе го варите пудингот, сипете го остатокот од млекото околу еден литар и додајте го преостанатиот шеќер. Ставете го тенџерето со млеко на оган да зоврие. Кога млекото ќе зоврие, сварете го изматениот пудинг и мешајте додека да згусне, на средна температура.




Се трга од оган, па се додава чоколадото и се меша додека се растопи и се соедини со пудингот. Потоа покријте го пудингот со фолија за да не фати коричка и оставете целосно да се излади до собна температура. Во меѓувреме изматете ја слатката павлака.




Изладениот пудинг изматете го малку со миксер, па додајте малку повеќе од половина од слатката павлака (околу 2/3) и изматете сѐ заедно, додека двете смеси да се инкорпорираат една во друга. Остатокот од изматената павлака зачувајте го за подоцна, за декорирање на целата торта.




Во еден сад ставете 200 мл млеко и во него потопувајте ги петит бисквитите, како што ќе ги редите во плехот. Земете еден огноотпорен сад и наредете ги бисквитите во 4 реда од по 5 бисквити или колку што ќе ви собира. Садот треба приближно да биде со средна големина.




Плехот претходно премачкајте го со тенок слој крем за бисквитите убаво да се залепат. Ставете 4 реда бисквити, по 5 бисквити во еден ред и секој слој премачкувајте го со белиот крем, кој претходно треба да го поделите на 4 еднакви делови.

На овој начин се прават 4 редови, по 20 бисквити со тоа што со последниот слој се премачкува целата торта, и од страните. Настрана измешајте го еурокремот со 3-4 лажици млеко (преостанатото од потопувањето на бисквитите) и загрејте во микробранова печка 30 секунди на највисок „оган“.

Мешајте додека да се соедини, па прелијте го колачот одозгора. Со остатокот од изматената павлака, декорирајте ја тортата од страните. Тортата можете да ја украсите од страните со помош на кујнски шприц или не мора, повторно по желба.

Оставете да отстои и бисквитот да омекне, па исечете на парчиња со големина по ваш избор и послужете. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.