Поздрав драги мои пријатели, почитувани домаќинки и домаќини. Денешниот рецепт сигурна сум дека ќе ве воодушеви. Толку брз и вкусен ручек од кој сите си доставаа и се изеде во рекордно време – одамна не сум подготвила.

А за да го приготвите потребни ви се само неколку состојки и многу малку време. Компирот излегува многу сочно, а пилешкото месо уште посочно. Па, доколку сте љубител на вкусна и домашна храна, ова е вистинскиот рецепт за вас – Валентина Машковиќ.

Потребни состојки: 1 кг компир, 400 г пилешко филе (бело месо), 100 мл млеко, 200 мл неутрална течна павлака за готвење, 50 мл масло, 3-4 чешниња лук, сол, црн пипер и сув зачин (вегета) по ваш вкус, 200 г рендан кашкавал

Постапка: компирот убаво измијте го и излупете го, исечете го на крупни парчиња (приближно да бидат еднакви) па ставете го во тенџере со вода и малку сол, да врие на оган 10-тина минути (колку да омекне малку, но не и да се свари).

Додека компирот се вари, измијте го пилешкото филе, исцедете го, па исечете го исто така крупно, на тенки ленти (како за пилешки прсти) и ставете го во подлабок сад. Во месото додајте и неколку чешниња исчистен и ситно исечкан лук (или истолчен), по вкус.

Потоа, во садот со месото додајте 100 мл млеко и 200 мл неутрална течна павлака за готвење, додајте и 50-тина масло, зачини по вкус (црн пипер и сув зачин). Промешајте ја целата содржина за да се растворат и распоредат зачините. Оставете неколку минути да отстои.

После 10 минути вриење компирот процедете ги и истресете го во огноотпорен сад (со средна величина) или плех претходно намастен. Распоредете ги рамнмерно, па одозгора прелијте ја целата содржина со месото и млечната павлака со зачините.

Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени. Протресете го садот и промешајте ги состојките за да има рамномерно компир и месо. Ставете да се пече во загреаната рерната околу 20-тина минути.

Пред крајот од печењето одозгора наросете рендан кашкавал и вратете да се потпече и растопи капкавалот, па извадете го јадењето од рерна и имате готов ручек. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Прочитајте го и следниот рецепт за брз ручек:

Вкусен и брз ручек од 3 состојки – многу вкусно јадење што брзо се приготвува.

Потребни состојки: 500 г пилешко филе, 1 крем супа од печурки и 200 мл неутрална течна павлака за готвење

Постапка: пилешкото филе исечете го на тенки шницли кои не треба да се толчат. Во еден сад истурете ја содржината од супата и секоја шницла извалкајте ја па наредете ја во малку намастен огноотпорен сад.

Прелијте ја павлаката врз месото и во топла рерна на 200 степени печете 30 минути. Исклучете ја рерната и оставете уште 15 минути да се заврши печењето. Кој сака реш печено, може да го тргне капакот и да го потпече пилешкото.

Се послужува со обарен карфиол или брокула. Секако и салата.. Прсти да излижеш!