МИНИ КРОФНИЧКИ-ФРИТУЛИ: меки се како памук, а дечињата најмногу им се радуваат. Рецепт од каналот Шерпица Рецепти. Готови се за неколку минути, а од нив целиот стан мириса прекрасно.




Штом еднаш ги пробате, цело време ќе ги правите. Ова е рецепт кој е многу лесен и едноставен за подготовка, и успева секому. А најдобро од се, е тоа што овие фритули не впиваат ни капка масло.




Потребни состојки: 2 јајца, 2 лажици шеќер, 1-2 ќесички ванилин шеќер, 1/2 лажичка сол, 300 мл јогурт, околу 300 г брашно, малку рендана кора од лимон (ако е непрскана), 1/2 ќесичка прашок за печиво, 500-600 мл масло.




Постапка: Во рецептот може да користите и рум со додавање на неколку капки. Јас не користам бидејќи домашните не го сакаат неговиот вкус, па затоа не го ни додадов во состојките, ама ви кажувам ако сакате ,,зајакнување” на вкусот.




Во подлабок сад скршете ги двете јајца, додајте го шеќерот и кратко изматете со жица. Потоа додајте го ванилиниот шеќер. По правило, се додава 1 ќесичка ванилин шеќер, но јас секогаш ставам две.




Додајте го јогуртот и добро измешајте во еднолична смеса. Изрендајте малку лимонова кора, но гледајте да биде добро измиена или непрскана. Може да изрендате и кора од портокал по вкус. На крај постепено се додава мекото брашно.




Брашното се додава постепено, односно по потреба бидејќи густината на јогуртот која ја користите е секогаш различна. Јогуртот понекогаш е погурт, понекогаш поредок, а мене ми требаше отприлика 300 г брашно. Додајте го и прашокот за печиво.




Потоа смесата покријте ја со кујнска крпа и оставете да отстои 10 минути додека се загрее маслото во тенџерето кое ќе ги пржите фритулите. Во тенџерето се додава обилно масло значи околу 500-600 мл и на тивка температура се остава да се загрее.




Се црпи од смесата со пластична ракавица (како онаа за фарбање, ќеса) и се формира топче меѓу прсти, па со лажица се спушта во загреаното масло. Така направете неколку пати колку што ви собира во тенџерето.




Фритулите ги пржам на тивко, додека да заруменат и добијат златно-жолта боја. Постојано ги ,,надгледувам” за добро да се испржат од сите страни и ги вртам со голема цедалка, па и со неа ги вадам во чинија со хартија за да излезе вишокот масло.




Најлесно се спуштаат во загреаното масло доколку лажицата ја натопите во ладно масло. Ќе забележите како веднаш ќе се лизнат во тенџерето. Кога ќе приметите дека почнуваат брзо да заруменуваат, намалете ја температурата на ринглата или извадете ги за да не изгорат.

Сепак внатрешноста треба да биде мека како памук. На крајот наросете ги со шеќер во прав и послужете ги со мед или џем. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.