Изгледот на рацете ги издава вашите години: евтини природни третмани за груби дланки, сува кожа и испукани нокти-може да ги направите во секое време

Старите често велеле дека дланките можат да откријат каков ни е животот, но исто така можат да го направат нивниот изглед постар дури и ако никогаш не сме работеле некоја гру-ба работа. Сепак со одредени природни третмани, може да се избегнат брчките на рацете, сувата кожа, црвенилото, а рацете може визуелно да се подмладат.

Важно е доколку се одлучите на овој чекор, тоа да го направите побрзо, па дури и да немате никакви проблеми со изгледот на дланките. Бидејќи индустријата за убавина е толку фокусирана на прикривање на фините линии, кремите за очи и слично, лесно е да се заборави дека возраста најмногу се забележува на рацете (и на вратот!)




Вашите раце имаат тенденција да стареат побрзо од остатокот од вашето тело. Кожата на дланките е толку тенка што е поподложна на оште-тување од нашето лице. Од сончева светлина до вода и секојдневни домашни работи, не е ни чу-до што нашите раце стареат толку брзо.

Сепак, повеќето од нас целосно ја занемаруваат правилната нега на рацете. Овие седум совети ќе ви помогнат да ги негувате вашите раце и да ги одржувате млади во годините што доаѓаат.




Совет бр. 1: Започнете со ноќна рутина за нега на раце

Можеби веќе имате рутина за лице против стареење која ја практикувате навечер. Но, како што споменавме, важна е и грижата на вашите раце. Првото нешто што треба да направите е да нанесувате основен крем секоја вечер за добро да ги хидрирате. Ова е особено важно ако живеете во сува или ладна клима.




Побарајте производ кој содржи витамин Ц или Е, бидејќи овие витамини се одлични во бор-бата против слободните радикали и во исто време можат да го осветлат тонот на кожата. Овие состојки се одлични и за спречување на стареење.

Но, ако сакате да го промените стариот изглед на дланките, потребно е да нанесувате крем/серум со ретинол, активната форма на витамин А. Може да ги отстрани брчките и да го изедначи тонот на кожата. Ретинолот може да предизвика чувствителност на сончева светлина, затоа погрижете се тој да биде дел од вашата вечерна рутина.




Совет бр. 2 – Правете пилинг барем еднаш седмично

Ако сериозно размислувате за правилна нега на рацете, тогаш треба да започнете со отстранување на мр-твата кожа. Веројатно веќе ги знаете основните придобивки: пилингот ја подобрува и подмладува кожата и ги отстранува мр-твите клетки од кожата.

Но, дали знаевте дека тоа го прави и остатокот од вашата рутина за нега на кожа поефективен? Така е – кога мр-твите клетки од кожата ги нема и вашата кожа е чиста, полесно е продуктите кои ги нанесувате да се апсорбираат во чистата кожа.




За правилен пилинг искористете го омилениот производ за пилинг или направете едноставен домашен пилинг со шеќер или морска сол и природни масла. Потребно е да нанесете мала количина на дланката од едната рака и да ја масирате со истите движења што ги користите при миење на рацете. Потоа измијте ги рацете, нанесете крем за раце и готово. Треба да правите пилинг еднаш седмично, но и двапати нема да ви наште-ти.




Совет бр. 3: Нега на кутикулите

Лесно е да се концентрираме само на кожата, но доброто здравје на рацете ги вклучува нашите нокти и кутикулите. За да ги одржувате вашите кутикули здрави, секојдневно нанесувајте им мала количина масло. Тоа може да биде или масло за нега на кожа или масло за кутикули, во зависност од тоа што одговара на производите што веќе ги имате или сакате да инвестирате.

Во секој случај, побарајте нешто со нежни и природни состојки како кокос, сладок бадем или масло од арган. Нанесете мала количина на врвовите на кутикулите и ноктите и масирајте додека маслото најмногу да се апсорбира. Ова е добро да го практикувате навечер кога е помала веројатноста дека маслото ќе се измие при секојдневните активности.




Совет бр. 4: Одржувајте ги рацете хидрирани

Како што споменавме претходно, горниот дел од рацете има потенка кожа која е слична, да речеме, на кожата околу очите. Има помалку лојни жлезди. Кремите за раце обично се погусти и имаат посебни состојки клучни за здравјето на рацете, што ги прави важен производ.

Побарајте крем што содржи керамиди. Тие создаваат заштитен слој кој ја задржува влагата – слично на маслата кои нашата кожа природно ги произведува со лојните жлезди. Најважно време за нанесување крема за раце е после миење на рацете. Тогаш тие се најран-ливи.




Совет бр. 5: Обезбедете им дополнителен третман на вашите раце

Дали знаевте дека постојат маски за раце? Исто како што можете да се почестите со хранлива маска за лице, маската за раце може да ви помогне длабоко да ги исчистите рацете и да го истакнете најдоброто од вашата кожа. Иако маските за раце секако не се задолжителни, тие можат да бидат убав начин да додадете нешто ново и многу ефикасно во вашата рутина за нега на раце.




Друга опција е третман во текот на ноќта што можете лесно да го направите дома. За почеток, измијте ги рацете и направете пилинг. Потоа измасирајте ги со масло од арган.

Покријте ги рацете со пластична фолија или дури и нитрилни ракавици, а потоа покријте ги со памучна крпа. Идеално е да ги оставите така преку ноќ, но ако не можете, доволно е да ги држите еден час. Кога ќе ги извадите ракавиците, ќе имате кожа како бебе.

Совет бр. 6: Заштитете ги рацете од сончева светлина

Сонцето не влијае добро за вашите раце, како и за целата кожа. Освен изго-реници, моќните ултравиолетови зраци на сонцето можат да предизвикаат дамки, брчки и дополнително истенчување на и онака тенката кожа на дланките. ,,Сончевата светлина е причина за 80% од видливото стареење”, тврдат дерматолозите.




За среќа, решението е прилично едноставно – секое утро треба да нанесувате крема за сончање со заштитен фактор најмалку 30. Меѓутоа, секогаш кога ќе ги измиете рацете, таа ќе се избрише, доколку не е водоотпорна. Затоа е добро секој пат повторно да ја нанесувате кремата после миење на рацете.

Уште поефикасно е да носите ракавици кога работите во градината, возите велосипед, џогирате – односно кога знаете дека активностите на сонце ќе траат подолго време. Тие создаваат силна бариера против сончевите зраци и можат да бидат одлична инвестиција за здравјето на рацете.

Совет бр. 7: „Украсете“ ги рацете

Последниот чекор на рутината за нега на раце против стареење не е нега на кожата. Се работи за вашите раце да изгледаат онака како што сакате да изгледаат. Неколку мали додатоци – фин прстен, минималистичка нараквица или дури и елегантен часовник – можат да го привлечат вниманието кон вашите раце и да го истакнат убавиот изглед. Нема ништо попривлечно од самодовербата и сите совети против стареење не важат доколку не си го сакате својот изглед.

Претходна статијаБРЗА ИЗЛЕАНА ПОСНА ПИТА: Едноставна и многу вкусна, за 10 минути е готова
Следна статијаБЕЗ ПОХУВАЊЕ И ПРЖЕЊЕ: кремасти кашкавалки од рерна, излегуваат многу парчиња