Порано се мислеше дека ненадејната појава на мигрена (cephalea) е резултат на абнормалното ширење на кр-вните садови во мозокот, но научниците од американската Фондација за истражување на мигрени, сега веруваат дека причината веројатно е многу посложена и дека вклучува наследени разлики во хемијата на мозокот.

Жените имаат многу поголема веројатност да добијат мигрена отколку мажите, како и лицата кои имаат фамилијарна историја со мигрена. Невролозите истакнуваат дека не се сите на-пади слични и дека сите ги немаат истите симптоми на мигрена, а исто така, ниту должината на траење не е иста и може индивидуално да варира.

Според истражувањата на Националната фондација за главоболки во САД, повеќето мигрени траат од 4 до 72 часа. Но, кај некои мигрената трае пократко, а кај некои подолго и тоа е многу индивидуално. ФАЗИ на мигрената. Честопати појавата на мигрена вклучува различни фази, иако луѓето можат да ги доживеат на различен начин.

Продромската фаза од мигрената може да се случи и неколку часови до цел ден пред појавата и обично вклучува промена во расположението и енергијата. Одредени желби, потреба за нешто или прекумерно прозевање може да бидат знаци за продром.

Луѓето понекогаш ги мешаат овие продроми, или “прелименарни” симптоми, со тригерите на мигрената. На пример, лицето кое има потреба за чоколадо (симптом за продром) може погрешно да верува дека консумирањето на чоколадото предизвикало појава на мигрена.

Аура е фаза на мигрената која ја имаат 25 до 35% од луѓето со мигрена. Тоа е фаза кога лицето доживува визуелни промени како што се менување слики во калеидоскоп и може да трае од 5 минути до еден час, но обично трае пократко. Останати симптоми можат да вклучуваат пецкање во воздухот, трпнење, нејасен говор, слабост и малаксаност.

Фазата на главоболка може да трае 4 до 72 часа, а кај повеќето пациенти се манифестира со главоболка на едната страна од главата кој пулсира. Бо-лките се типично опишани како умерени до силни. Оваа фаза исто така, е поврзана со пречувствителноста на животната средина –на светлина, звук и мирис, а често е пропратна појава на мачнина и повраќање.

Постдром или фаза на опоравок е фаза во која нема бо-лки или истата е многу лесна, но луѓето не се чувствуваат нормално. Ова може да трае од 24 до 48 часа. Во оваа фаза лицата не се толку “остри” во когнитивна смисла и може да се чувствуваат мамурно.

Невролозите потсетуваат дека некои лица се чувствуваат дури речиси еуфорично, бидејќи повеќе не чувствуваат неугодност, а полни се со енергија. Како да се прекине и спречи појавата на мигрена. Ако ги пепознаете знаците кога се подготвува да се појави мигрената, можеби ќе успеете да го намалите времето на нејзиното траење.

Иако имаат долгогодишен проблем, сепак луѓето честопати не успеваат да ја препознаат продромската фаза, но се случува некој од блиското опкружување (сопружникот или член на семејството) да го препознае и да помогне во соодветната реакција.

Во тој случај невролозите нудат неколку совети за потенцијално намалување на должината на мигрената: Обилна хидратација, односно внесување на големи количини вода во телото обично помага да се спречи главоболката. Ограничување на физичка активност – доколку е возможно, легнете или седнете некаде.

Избегнување на стимулативно опкружување – со голем број луѓе, бучно. Побарајте темно и тивко место. Некои луѓе сметаат дека техниките за опуштање, како што се медитација или масажа, ќе помогнат во ослободувањето од напнатоста која ја чувствуваат во лицето, вилицата и вратот.

Ако со помош на овие техники можете да се ослободите од напнатоста, вашиата мигрена можеби нема да биде толку силна или толку долго да трае. Други пак сметаат дека ставањето на ладни облози на слепоочниците ќе помогнат во ублажување на симптомите, но и скратување на времетраењето на мигрената.