Замастен црн дроб е честа појава кај многумина, особено кај луѓе постари од 50 години. Ако процентот на масти во црниот дроб е поголем од 10 проценти, тоа значи дека имате замастен црн дроб.

Во рана фаза, терапијата се сведува на промена на исхраната и начинот на живот. Во повеќето случаи, замастениот црн дроб нема да доведе до компликaции опаcни по живот, но може да предизвика бројни здравствени проблеми. Од тие причини, потребно е што поскоро да се спроведе негово прочистување.

Сурутката помага при сите болести поврзани со црниот дроб, а сè што е потребно, е да пиете од 0,5 до 1 литар сурутка секој ден, најмалку еден месец, за да го закрепнете овој витален орган.

Во продавниците за здрава храна и поголемите супермаркети може да се најде сурутка во прав, но како најефикасна се покажала свежата козја сурутка. Најважно е да се исфрлат или да се намалат животинските масти од исхраната.

Значи, сало, колбаси, сланина, мрсно месо, но и масни сирења, павлака со висок процет на млечни масти…

Исто така, треба да престанете да ја пржите храната на масло и да користите рафинирани масти. Чипс, крекери, торти, колачиња, маргарин, мајонез, путер… цигаpите и алкоxолот дефинитивно треба да се избегнуваат и да ги отфрлите лошите навики што поскоро.

Можете да го пробате и овој рецепт, кој им помогнал на многумина, а една задоволна читателка го сподели со нас.

Основна состојка за овој лековит напиток е сувото грозје. Сувото грозје се покажало како многу хранлива намирница, како и повеќето јаткасти плодови и суво овошје, но може да се приготви и во вид на напиток кој е многу ефикасен за спречување на болести.

Сувото грозје може да се конcyмира во неколку форми, да се додава во разни салати или во утринскиот јогурт, за појадок. Ова се само некои од придобивките: бобинките од сувото грозје се одличен извор на енергија поради високата содржина на јаглени хидрати.

Напитокот приготвен со суво грозје е природен диуретик. Изобилува со влакна кои го помагаат варењето. Ја поттикнува циркулацијата на кр-вта. Содржи антиоксиданси кои се б орат против слободните радикали. Спречува рак на дебелото црево.

РЕЦЕПТ: Прво измијте го сувото грозје. Потоа во едно тенџере на оган ставете 750 мл вода и тргнете го во моментот кога ќе почнат да се појавуваат првите меурчиња, пред да зоврие.

Сега додајте една чаша суво грозје и оставете 15 минути. Процедете го сувото грозје и измијте го чиста вода на собна температура.

Потоа сувото грозје ставете го во некој херметички сад и налејте 1 литар млака филтрирана или дестилирана вода. Оставете да се олади најпрво на собна температура а потоа и во фрижидер.

Вака натопено сувото грозје потребно е да отстои вкупно 24 часе или едно деноночие, за да може да ги испушти сите лековити состојки во течноста.

Следниот ден процедете го, истискајте го низ газа или низ цедалка, а добиениот лековит напиток можете да го пиете наутро на гладно.

Во случај да сакате да го детоксицирате вашето тело, пијте го овој напитокот на празен стомак за да ви помогне да го исчистите вашето тело.

Бобинките од суво грозје кои сега ќе бидат хидрирани и набубрени, не фрлајте ги, туку изедете ги во текот на денот или додавајте ги во салатите или вашиот појадок со јогурт или овесна каша.