Кога сите идеи за ручек се исцрпени, понекогаш е тешко да се дојде до некој нов и вкусен рецепт од едноставни состојки. Пред некој ден, кога немав ништо за ручек освен 3 компири, одлучив малку да експериментирам и ги направив најубавите излеани питички во калапчиња.




Дечињата не знаеја за доста, што се вели, буквално сите до едно ги изедоа. Јас успеав да пробам само половина од една од питичките и се воодушевив од вкусот. После му се јавив на маж ми да докупи уште неколку компири за да ги направам и за вечера. Направете си вкусен ручек или вечера со неколку едноставни состојки.




На почетокот си мислев дека нема да ми излезат добри или нема да се испечат добро и ќе останат кашести. Но, се излажав и отидов до крај, а резултатот беше врвен. Не знам како порано не сум се сетила на ова едноставно јадење, но не е залудно тоа што рекле старите: „Малку по малку, малку станува многу“. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 поголеми компири, 5 чешниња лук (опционално), 100 г путер, 250 мл неутрална павлака (20%), сол, 80 г кашкавал. За да го подготвите ова јадење ќе ви биде потребно и еден калап за печење на мафини.




ПОСТАПКА: Компирите измијте ги добро под млаз вода и исушете ги. Излупете ги со специјална алатка за да не одземете многу од внатрешноста на компирот. За да проверите дали компирите ги собира во калапчето, пробајте да ги ставите исправено во него. Доколку на некои места е повеќе збиено, со помош на нож, извајајте ги страните на компирот.




Јас сосем малку ги обликував од страните каде што беа пошироки. Вака подготвените компири, со помош на нож или ренде исечете ги на тенки кругови како кога подготвувате домашен чипс. На некои рендиња има посебна страна која е наменета за подготовка на чипс. Вака подготвените компири ставете ги во еден сад и прелијте ги со вода. Оставете да отстојат околу 15-тина минути.




За тоа време, чешнињата лук притиснете ги со нож за полесно да излезе лушпата од нив и исечете ги на многу ситно. Путерот ставете го во тавче да се загрее на ниска температура, па кога ќе се растопи додајте ги лукчињата. Гответе на тивко додека лукот да ја испушти својата прекрасна арома.




После некое време, кога лукчињата ќе се запржат (внимавајте да не ви загорат), излејте ја павлаката за готвење и со постојано мешање гответе додека сѐ да се соедини и згусне. Посолете по вкус. Филот тргнете го настрана малку да се олади, а во меѓувреме исечете го кашкавалот на коцки (за секоја питичка во калапчето).




Намастете го калапот за печење со растопен путер и со масло, со помош на четкичка и наредете ги исцедените компири од водата (по неколку одеднаш), нешто повеќе од средина во калапчето. Врз компирите излејте по 1-2 лажици од филот од павлака, путер и лукче, додека сѐ да се покрие. Врз филот наредете по една коцка кашкавал и „покријте“ ја со уште еден лист од компир.

Врз компирот ставете уште малку од преостанатиот фил. Печете во загреана рерна на 180 степени, 40-тина минути, потоа извадете, наросете одозгора уште малку рендан кашкавал и вратете да се стопи кашкавалот во рерна уште 10-тина минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.