Home Останато Убавина и нега МЕВЛЕМ ЗА СТРИИ – се применува двапати седмично

МЕВЛЕМ ЗА СТРИИ – се применува двапати седмично

Потребни состојки:

1 жолчка

2 лажици кантарионово масло

1 лажица чичково масло

5 капки лимонов сок

3 капки тинктура од невен

Широка четка

Постапка:

Изматете ја жолчката, па со постојано миксање додадете го прво кантарионовото, па чичковото масло, па на крај лимоновиот сок и тинктурата од невен.

Добро соединете ги сите состојки, па со широка четка нанесете на зафатената кожа. Оставете да се исуши 30 минути, па потоа истуширајте се со топла вода.

<

После туширањето намачкајте тенок слој крем за регенерација на кожата (масло од јојоба, арганово масло, крем од невен…) или некое хранливо млеко за тело.

Третманот се применува двапати седмично.