Мевлем за хемороиди, артритис, попуштени вени, рани и други кожни заболувања од цветови на глуварче

Потребни состојки:

300 г прочистена несолена маст

40 г цветови од глуварче

Постапка:

Во еден сад загрејте 300 г маст, па кога ќе се растопи и загрее додадете 40 цветови од глуварче. Добро промешајте и тргнете од оган. Оставете преку ноќ на собна температура.

Следниот ден загрејте колку да може смесата да се процеди.

употреба:

Приготвената маст се мачка преку хемороидите (ако се надворешни), а за внатрешни хемороиди се прават чепчиња на следниот начин:

Парче памук се натопува во млака смеса и се остава да излади.

Мевлемот од глуварче лекува:

-хемороиди

-попуштени вени

-болки во мускулите

-артритис

-рани на кожата

МЕВЛЕМ ПРИГОТВЕН ОД МАСЛО, ПЧЕЛИН ВОСОК И ЦВЕТОВИ ОД ГЛУВАРЧЕ

Потребни состојки:

-цветови од глуварче

-масло (маслиново, бадемово, сончогледово)

-пчелин восок

-етерично масло од лаванда

Постапка:

Свежите набрани жолти цветови од глуварчето убаво се распоредуваат на бела хартија да преноќат. Следниот ден ја полните теглата најмалку ½ до ¾ .

Големината на теглата зависи од количината на набраните цветови. Долевате со некое ладно цедено масло: маслиново, бадемово или сончогледово.

Теглата ја ставате во поголем сад со врела вода да врие на умерен оган неколку часа. Изладеното масло го прецедувате и го мерите количеството. На секои 100 мл масло се додаваат 15 г пчелин восок.

Постапката ја повторувате: Теглата со масло и пчелин восок ја ставате во поголем сад со врела вода, се додека да се растопи восокот.

За поголема ефикасност и смирувачко дејство можете да додадете и неколку капки, етерично масло од лаванда.

Кога мевлемот е готов, уште топол го претурате во соодветни садови.

Претходна статијаПрироден лек за лекување на артритис, висок крвен притисок, импотенција, затнати артерии, астма
Следна статијаОваа пита со готови кори остава најголем впечаток на трпезата и сите ќе ви бараат рецепт