Поголемиот дел од луѓето барем еднаш во животот почувствувале проблем со надуеност во стомакот. Надуеноста се дефинира како чувство на исполнетост под притисок. Дали некогаш сте се запрашале колку пати на ден е нормално да имате гасови?

Просечен возрасен човек нормално испушта гасови помеѓу 13 до 20 пати на ден. Гасовите можат да бидат предизвикани од: прејадување, доколку зборувате додека јадете или пиете, пушење цигари, со консумирање на храна која вашиот организам не ја толерира и др.

Симптоми на подуеност и гасови кои укажуваат на посериозна состојба се: силна болка во стомакот, гасови придружени со запек, дијареја или губење на телесната тежина.

Честопати гасовите се предизвикани од она што го јадете. Храната започнува да се вари уште во усната шуплина, а се преработува во тенкото црево. Потребните хранливи состојки преку тенкото црево одат во кр-вта, а потоа низ целото тело, додека тоа што не се преработило во тенкото црево продолжува да се движи кон дебелото црево и понатака се исфрла од организмот.

Овој процес создава метан и водород, кои се ослободуваат од нашето тело во форма на гасови. За повеќето луѓе, промената на навиките во исхраната е доволна за да се ублажат прекумерните гасови и надуеност.

Еден начин да одредите која храна ви предизвикува гасови е да водите дневник на диети. Најчеста храна која предизвикува гасови е: храна богата со растителни влакна, храна богата со штетни масти како пржена или зачинета храна, газирани пијалаци, вештачки состојки и адитиви, грав и леќа, млеко, сирење и други млечни производи.

Откако ќе дознаете која храна ви предизвикува гасови и подуеност, можете да ја промените вашата исхрана за да го спречите овој непријатен проблем. Некои студии покажаа дека чајот од нане ги намалува симптомите на нервозни црева, ја спречува подуеноста и ги намалува гасовите. Секојдневно консумирајте една чаша чај од нане половина час пред оброк.

Чај од камилица

Чајот од камилица исто така може да помогне во намалување на гасовите и подуеноста. Чаша чај од камилица пред оброк или пред спиење може да ги намали симптомите на прекумерно создавање гасови и надуеност кај некои луѓе.

Јаболков оцет

Разредете една лажица јаболков оцет во чаша вода и пијте непосредно пред оброците, или најмногу трипати на ден колку што е потребно за да ги намалите симптомите.

Физичка активност

Вежбањето може да помогне во ослободување на насобраниот гас. Створете навика да прошетате по оброкот како начин да избегнете создавање на гасови.

Доколку ниту една здравствена состојба не го предизвикува проблемот со подуеноста, тогаш проблемот ќе го решите многу лесно со промена на животниот стил. Консумирајте храна која му одговара на вашиот стомак, не се прејадувајте и јадете пополека. Избегнувајте користење на сода и други газирани пијалаци и гуми за џвакање. Одвојте време и за некоја физичка активност.

Состојби кои предизвикуваат гасови, болка и надуеност се: гастроентеритис, нетолеранција на лактоза, целијачна болест, Кронова болест, дијабетес, чир на желудник, синдром на нервозни црева. Доколку патите од некоја хронична болест, треба веднаш да посетите лекар и да го решите овој проблем.

Подуеноста во стомакот може да биде болна, непријатна, а еве како евтино и без лекови да се ослободите од оваа состојба доколку подуеноста и гасовите се предизвикани од храна. Стомакот обично отекува како резултат на храна што тешко се вари, но може да биде и знак дека во организмот се развива опас-на болест, како што е ракот.

Чај од јаглика – Јагликата содржи фолна киселина, антиоксиданти (флавфоноиди), витамин К, Ц и А, и затоа претставува моќен природен лек против подуеност и гасови. Во комбинација со магдонос, босилек, и камилица се подготвува моќна мешавина која со сигурност ќе ги намали гасовите. Магдоносот има карминативни својства. Подгответе чај од овие билки и консумирајте го секојдневно половина час пред оброк.

Мешавина од куркума, мед и ѓумбир

Во чаша зовриена вода додадете лажичка куркума и лажичка ѓумбир во прав. Промешајте го пијалакот, а потоа додадете една чаша млеко. Исцедете го пијалакот низ цедалка или газа и засладете го со мед по желба.

Ѓумбирот и куркумата се познати како храна која најбрзо ги исфрла токсините од организмот, а нивната комбинација со мед и млеко ќе го зачува здравјето на органите. Доколку млекото ви предизвикува проблем при варењето со храната, изоставете го тој дел или користете млеко од соја.

Пробиотските суплементи се добра опција

Гасот произведен од бактериите од цревната микрофлора е главниот поттикнувач на надуеноста. Постојат различни типови бактерии од микрофлората со различни метаболитички патишта, што значи имаат и различни метаболити, помеѓу кои и гасовите.

Неколку клинички студии покажуваат дека одредени пробиотски суплементи можат да ја намалат продукцијата на гасови и на тој начин и надуеноста како дигестивен проблем. Сепак, утврдено е дека ова зависи и од самата индивидуа. Ако имате намера да земате некаква суплементација, задолжително консултирајте се со лекарот кој го следи вашето здравје.

Намалете ја консумацијата на солта

Сите знаеме дека солта е штетна во однос на зголемувањето на кр-вниот притисок, а  претераната консумација може да доведе до различни здравствени проблеми. Поради тоа што може да го задржи вишокот вода во организмот, солта може да предизвика и надуеност. Ова е уште една причина да намалите со неа. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.