Мешавина од сол и маслиново масло – третман за болки во грбот

Според некои статистички податоци 90% од луѓето некогаш се соочиле со болка во грбот. Една третина од испитаниците на возраст од 15 до 70 години имале поголеми или помали тешкотии за време на истражувањето. Болките во грбот може да се појават подеднакво и кај млади или стари луѓе.

Сепак, луѓето кои подигнуваат и носат тешки товари и оние кои ја извршуваат својата работа во стоечка положба како што се: стоматолози, хирурзи, келнери, готвачи, фризери, музичари се позагрозени од оние кои работат во седечка положба.

Но, и оние кои работат во канцелариски услови најчесто држат неправилна положба на грбот, а поради лошата положба на мускулите, тие стануваат понапнати и како резултат на тоа се јавува болка во грбот.

Покрај тоа, често се јавуваат трајни нарушувања (деформитети) на ‘рбетот. Притисокот сè повеќе се пренесува на прешлените и дисковите, па може да стане толку голем и да го раскине влакнестиот прстен на дискот и да се појави хернија.

Во исто време, поради погрешен начин на исхрана, сè повеќе луѓе се со прекумерна тежина, што го преоптоварува ‘рбетниот столб, а пред сè лумбалниот дел. Мусускулите на торзото се амортизери на околу 30% од товарот на целото тело, а долгото седење и неактивноста ги ослабуваат мускулите на трупот и ‘рбетните мускули, а тоа резултира со болка во грбот.

‘Рбетните мускули овозможуваат широки движења, како што се свиткување, истегнување, извртување околу замислената оска, подигнување на товари и воопшто сите активни движења.

Болката во долниот дел на грбот исто така може да биде предизвикана од некои „безопасни“ настани како ненадејно сопирање на автомобилот, по спортска активност, дури и по извршување на некоја едноставна задача, како што се миење на забите над мијалникот, потпирање над даската за пеглање облека, а понекогаш и рефлекси како кивање и кашлање може да предизвикаат болка.

Покрај дегенеративните промени во ‘рбетот (и по 40-та година од животот, речиси секоја личност има промени во интервертебралните дискови, но овие повреди не мора да бидат придружени со болка, ограничени движења или намалена способност за работа), други можни причини можат да бидат како резултат на преголем напор, повреда, воспалителни процеси, разни аномалии, а понекогаш и болка во лумбалниот ‘рбет може да се појави како рефлекс на патологија (болест) во други органи.

Причината за болки во грбот, првенствено болка во долниот дел на грбот, може да биде лошо држење на телото, а две основни состојби се особено изразени кај младите – лошо држење на телото и ‘рбетни деформитети во кои веќе се променети облиците на прешлените. Ваквите деформитети најчесто можат да се излекуваат со корективни вежби доколку навремено се започне со терапија.

Лошото држење на телото обично е придружено со замор и лесна болка во грбот и е знак на опуштени мускули на грбот, па затоа зборуваме за слабост (инсуфициенција) на ‘рбетот. Затоа, децата треба да развиваат начин на правилно држење на телото, правилен начин на стоење, седење, легнување на цврст рамен кревет.

Нарушувања во задниот надворешен дел на дискот во форма на оток, но без вистинска компресија на околното ткиво, може да доведат до болка во лумбалниот дел на ‘рбетот. Ова се всушност првичните дегенеративни промени на дискот, неговата дегенерација што ја нарекуваме коскена хондроза.

Овие промени не можат да се видат на Х-зраци на почетокот и само во напредна фаза може радиолошки да се види стеснет интервертебрален простор. Оваа промена може да предизвика болка во грбот што се шири на задникот и колкот, обично од двете страни. Како реакција на болка, се јавува мускулен спазам, а болната подвижност е ограничена.

И дегенеративните промени во ‘рбетот се физиолошки, условени од возраста, а науката се обидува да открие и објасни зошто тие доведуваат до некои сериозни проблеми кај некои луѓе. Како што напредува дегенеративниот процес, се јавува остеохондроза. ‘Рскавичните плочи на дисковите се уништуваат и исчезнуваат и се јавува реактивна кондензација на коскени греди во трупот на соседните прешлени.

Ваквите дегенеративни промени на дискот доведуваат до промена на обликот и функцијата на тој сегмент. Просторот помеѓу телата на ‘рбетниците се стеснува, ако е симетричен, резултира со мала кифоза, а ако е асиметрична се јавува локална сколиоза со или без торзија (извртување).

Не можеме да влијаеме на процесот на стареење, но секако можеме да ги елиминираме причините што придонесуваат за побрз развој на дегенеративни промени. Третманот на лумбаго најпрво се сведува на преглед од лекар кој ќе ја утврди терапијата врз основа на анамнезата, објективно испитување, доколку е потребно и на крај физикална терапија и вежби.

Но, не секогаш болката во грбот е проследена со некои дегенеративни нарушувања. Таа понекогаш може да се појави поради стрес и напнатост, а единствен лек за оваа состојба е масажата на грбот.

Масажата исто така се покажала како ефикасен третман во лекувањето на болката во грбот. Болката во вратот и грбот се состојби за кои е потребно време и трпение во лекувањето, но секогаш постои лек.

Овој едноставен природен лек со сигурност ја намалува болката и ги намалува сите останати придружени симптоми. После овој третман нема да чувствувате болка во наредните пет години, барем така велат оние кои го примениле и кои го испробале врз себе.

Под дејство на масажата се зголемува тонусот и еластичноста на мускулите, нивната контрактилна способност. Исто така се забавува процесот на атрофија на мускулите, а влијае и во подобрување на трофиката, Некои масажни движења ги опуштаат и истегаат мускулите со што се намалува напнатоста во нив.

Бројни сведоштва велат дека мешавината од сол и маслиново масло им помогнала да ја излечат болката во вратот и грбот. Тие велат дека болката целосно исчезнала. Мешавината е многу едноставна за подготовка и нема ништо да ве чини да ја направите и да го измасирате грбот. Резултатите ќе ги забележите после првиот третман, а болката целосно ќе исчезне после две недели редовно масирање.

Потребни состојки: 10 лажици сол (може да користите и морска вода) и 20 лажици масло.

Подготовка: Ставете ги состојките во стаклена тегла, затворете ја и добро измешајте. Смесата оставете ја неколку дена на собна температура да отстои. После неколку дена ќе забележите светла боја на смесата. Тоа е знак дека смесата е подготвена за користење.

Начин на користење: Секое утро масирајте се на болното место. Во почетокот е потребно да се масирате по 2 – 3 минути, а по неколку дена постепено зголемувајте го времето на масирање, се додека не стигнете до 20 минутна масажа дневно. По масажата покријте го вратот со топла крпа.

После десет дена масажа, вашата циркулација ќе се подобри, а ‘рскавицата и коскеното ткиво ќе почнат да се регенерираат. Ќе почувствувате големо олеснување, а болката нема да се врати во наредните 5 години, а може и подолго од тоа.

Исто така, оваа мешавина е добра против главоболки, а телото целосно се чисти од разни токсини. Метаболизмот ќе ви се забрза, а вие ќе се чувствувате неколку години подмладени и полни со енергија. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.

Loading...