Уште од дамнешни времиња било познато дека ренот е исклучително ефикасен лек за болни зглобови и воспалени мускули. Овој лутникав корен исечкан на половина се ставал директно на болното место, а неговата неверојатна моќ веднаш ја извлекувала болката.

Од ренот се правеле разни чаеви, тинктури и облоги. Ренот се користел уште во древниот Египет, а старите Грци го сметале за природен афродизијак. Листовите од рен ги готвеле, а потоа ги консумирале за зајакнување на имунитетот.

Ренот во комбинација со мед прави исклучително неверојатен еликсир за лекување на белите дробови. Помага кај речиси сите респираторни инфекции, бронхит, астма, воспалени синуси, ги лекува зарипнатите гласни жици, го забрзува метаболизмот и помага во отстранување на сите токсини од телото.

За лековитоста на ренот се знае одамна. Се користи како зачин, како додаток на разни јадења, но и како природен лек. Неговото лековито дејство освен што го потврдува народната медицина, туку и современета наука сведочи за лековитоста на овој зеленчук.

Ензимот пероксидаза, кој се наоѓа во ренот превенира од создавање на малигни клетки кои го формираат ракот. Но, неговото антиканцерогено дејство е потврдено и заради присуството на гликозинолат соединението, содржано во него.

Ренот изобилува со витамин Ц, петпати повеќе во однос на портокалот и лимонот. Повеќе витамин Ц од ренот содржат само црната рибизла и шипката. Во својот состав содржи и протеини, масти, јагленихидрати, минерални соли, етерични масла и најважното – ренот содржи финтоциди кои се вистински природни антибиотици.

Овој здрав корен е познат по лутникавиот и пикантен вкус, омилен во кујните ширум светот, а ова својство се должи на сингиринот. Благодарение на етеричните масла кои ги содржи, го зголемува апетитот, го забрзува метаболизмот и го подобрува варењето на храната.

Но, освен лековитоста на коренот од рен, неговите млади листови изобилуваат со лековити својства. Младите листови на ренот содржат аскорбинска киселина и бета каротен и многу минерали како калциум, калиум, магнезиум, фосфор и железо. Ренот содржи и значително количество на глукоза.

Во руската традиционална медицина, лековитоста на ренот има повеќекратна намена, но најмногу се користи како природен антибиотик и еликсир за белите дробови. Оттука произлегува долго прочуениот рецепт кој ги лекува сите респираторни болести.

Потребни состојки: 1/2 лажичка рендан корен од рен, 1/2 лажичка домашен мед.

Постапка: Во стаклена тегла или подлабока чинија измешајте ги состојките во сооднос 1:1. Секое утро консумирајте по 1 супена лажица на празен стомак во рок од 1 недела, се додека кашлицата и другите состојки да исчезнат.

Потребно е да не ја голтате веднаш мешавината, туку почекајте медот и ренот полека да се слеат низ грлото. Така лекот е најефикасен. Доколку често настинувате, ви се засипнува гласот, имате проблеми со гласните жици – користете го истиот рецепт. Лекот не треба да го консумираат оние кои патат од гастритис и вишок желудочна киселина.

Уште поефикасен и побрзо делотворен лек е чајот од рен за респираторни заболувања.

Потребни состојки: 10 г рендан корен од рен, 200 мл вода.

Постапка: Водата ставете ја во сад на рингла и оставете да зоврие, а потоа додајте го изренданиот корен од рен во неа, поклопете и оставете да отстои 5 – 10 минути. Процедете го чајот и почекајте да се излади пред да го испиете.

Консумирајте чај од рен трипати на ден, а белите дробови ќе ги излечите за многу краток период. Чајот се користи доколку патите од гнојна ангина, воспалено црвено грло и лузни на белите дробови. Чајот може да се користи и за дезинфекција на усната шуплина и превенција од појава на акни и лекување на лошиот здив.

Рен, ѓумбир и мед како лек за бронхитис

Доколку чувствувате засипнатост при дишење и сте полни со слуз, ова е идеален лек за намалување на симптомите и зајакнување на капацитетот на белите дробови.

Потребни состојки: 1/2 шолја рендан ѓумбир и рен, 2 полни лажици мед.

Постапка: Измешајте ги сите состојки во стаклена тегла, затворете ја и оставете да отстои 2 недели на суво и темно место. Консумирајте секое утро по 1 полна лажица. Доколку вкусот ви е премногу лут и не можете да се навикнете на него, разредете го со малку билен чај така што 1 полна лажица ќе додадете во изладениот чај.

Рен како лек за болни синуси

Изрендајте корен од рен, загрејте го на рингла во тава, а потоа наредете го на памучен пешкир, доближете до носот и вдишувајте ја неговата арома. Ова е најдобрата метода за прочистување на синусите, а најдобро е да ја применувате оваа техника навечер, пред легнување. Инхалацијата се прави само 2 минути, а за тоа време во целост ќе ги прочистите синусите и ќе имате многу квалитетен сон.

Чај од рен за слабеење

Потребни состојки: 10 г рендан корен од рен, 5 г рендан корен од ѓумбир, 200 мл вода.

Постапка: Зовријте ја водата, а во неа додајте ги коренот од рен и ѓумбир, а потоа промешајте и поклопете. Оставете чајот да отстои 10 минути, а потоа процедете го и консумирајте двапати во текот на денот односно наутро на празен стомак и навечер 2 часа по јадење и 2 часа пред легнување. Чајот од рен може да ви помогне за слабеење доколку внимавате на вашата исхрана и имате редовна физичка активност.

Рен и мед против неплодност

За младите жени кои планираат бременост во блиска иднина, се препорачува следниот лек кој е целосно безбеден и со сигурност лековит.

Потребни состојки: 50 г рен ситно исечкан, 200 г домашен мед.

Постапка: Измешајте ги состојките во стаклена тегла, добро затворете и чувајте ја на собна температура во период од 10 дена. Консумирајте секое утро по 1 супена лажица на празен стомак од смесата.

За ефектот да биде уште поделотворен, после консумирање на оваа смеса, испијте чај од жалфија. Овој природен лек за зголемување на плодноста треба да го консумираат и мажите за зголемување на потентноста.

Рен за негување на лицето

Овој природен лек пронашол примена и во козметиката. Се користи за намалување на брчките и избелување на лузните. Може да го подготвите многу лесно во домашни услови, односно само да го извлечете сокот од ренот, а потоа со помош на вата или памук за лице натапкајте го сокот на лицето. Лесно натапкувајте го лицето 2 минути, но не го користете околу очната регија. За митесери и старечки пеги се применува следниот рецепт:

Измешајте еднаква количина рендан корен од рен и рендано јаболко во сооднос 1:1. Добиената маска се става на лице и се остава да делува 5 минути. Потоа нежно извадете ја и темелно исплакнете го лицето со вода. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска