Месото има висококвалитетни протеини, заситени масти и холестерол, со што оптимално го одржува нивото на тестостерон, а тоа е особено важно за мускулната маса на мажите.

Месото е и одличен извор на цинк, витамин Б12 и железо. Но, кога купувате месо, дали знаете да препознаете здраво и квалитетно парче месо? Поразговаравме со месар во пензија, па овие совети секако мора да ги земете во предвид:

1.Проверете дали смрзнатото месо има природен пигмент на кожата или на површината има груби испакнувања и вдлабнувања.  Ако ви се чини сомнително, не го купувајте, зошто најверојатно претрпело неколку одмрзнувања и повторни замрзнувања.

Честопати при транспортот може да се случи месото да се одмрзне, а тоа се случува и кога подолг период има хаварија со струјата – вели месарот.

2.Сите знаеме дека во увезеното месо се вбризгуваат разни хемикалии и антибиотици за да им се продолжи рокот на траење, а ова најчесто се прави со пилешкото месо.

Ако забележите некои темни, кафеави дамки под кожата на пилешкото, потопете го месото во оцет во кој сте додале сол и така оставете да отстои неколку часови. Потоа добро исперете го во вода, исушете го, па дури потоа подгответе го за јадење. Но, најдобро е да ги одбегнувате ваквите сомнителни меса.

3.Не купувајте месо од непознат. Дури, понекогаш кога првпат влегувате во некоја месара, може да ви подметнат лошо месо. Најдобрите парчиња обично ги чувавме за пријатели и редовни муштерии, а она што е пред расипување им го продаваме на некои што еднаш влегле и не се потенцијални муштерии – искрено одговара месарот.

4.Секое месо што има силен мирис – никако не го купувајте. Посилно мириса само дивечот.

5.Не купувајте месо чии рабови се суви, бојата е потемнета, а има и делови кои целосно ја изгубиле бојата.

6.Колку можете одбегнувајте колбаси и виршли и останати месни преработки – верувајте ми на зборот – не сакате да знаете што има во нив. Ќе ви се згади, подобро не прашувајте. Ако сте љубители на колбаси, купувајте домашни од луѓе во кои имате доверба.

7.Уште еден совет: во текот на една седмица не треба да се јаде повеќе од три месни оброци, а парче црвено месо за еден оброк не би требало да биде поголемо од вашата дланка.