МЕКИЦИ-ТИГАНИЦИ…Меки како душа…Помешајте само вода и брашно…Еве што ви е потребно за да ги приготвите:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (Се мери со чаша од 200 мл):
2 чаши млака вода
4.5 чаши брашно
1 кесичка сув квасец 7 г
2 лажици шеќер
1 лажичка сол
ПОСТАПКА:
1.Во млака вода растворете ги квасецот и шеќерот, па додајте го брашното помешано со солта. Мешајте со лажица додека да се соединат состојките во меко, лепливо тесто. Покријте го и оставете го 30 минути да ферментира.
2.Стасаното тесто не треба да го премесувате.
3.Дланките намастете ги со масло, па полека кинете од тестото, малку како да го тегнете, па обликувајте ги меѓу дланките и спуштајте ги во длабоко, загреано масло на умерена температура.
4.Со лажица или шпатула полевајте го со врелото масло, а кога ќе зарумени од долната страна, свртете ја мекицата и од другата страна.
5.Пржените мекици вадете ги врз хартиена салветка. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/-sZLH2i5Gh0?si=nOQJ3qbu3KmI8ZmP