МЕКИЦИ СО СИРЕЊЕ…Одличен оброк за почеток на денот…Вкусни и меки како памук! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
6-6,5 чаши брашно
3 чаши топла вода
1 лажица сол
1 лажичка шеќер
1 кесичка инстант сув квасец
За фил: сирење/урда или нешто по ваш вкус
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад измешајте ги водата, квасецот и шеќерот. Постепено додавајте го брашното, како и солта, па замесете меко, лепливо тесто.
2.Покријте го со стреч фолија и оставете да ферментира 1 час. Потоа истресете го на набрашнета работна површина и нежно премесете го и поделете го на 12 еднакви парчиња.
3.Обликувајте топчиња, наредете ги врз набрашнета површина, покријте ги и оставете ги да одморат уште 10 минути.
4.Потоа со рака развлечете ги во големина на чинија за десерт. Врз половината од тестото ставете сирење и покријте го со другата половина за да добиете форма на полумесечина.
5.Притиснете ги краевите со прсти за да залепат и по желба можете да ги исечете за да добиете правилни форми.
6.Сипете околу една чаша масло во тавата и вклучете да се загрее на умерена температура. пржете ги по неколку минути од двете страни додека убаво да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.