Малите погачи се феноменални, многу се вкусни и меки како душа.

Фотографија и рецепт на Милијана Бесевиќ. Потребни состојки: 1 кг брашно +-, 25 г свеж квасец, 1 лажица сол, 1 лажица шеќер, 2 јајца, 100 г путер растопен и 600 мл млеко

Постапка: Квасецот издробете го во малку млако млеко со лажица шеќер и лажица брашно. Промешајте за да се изедначи смесата, па оставете ја на топло 10-тина минути за да се активира квасецот и да запени.

Во еден сад изматете ги јајцата, па во нив додадете го растопениот и изладен путер, млакото млеко и активираниот квасец. Додадете половина од брашното во кое претходно додадовте лажица сол, па убаво промешајте додека да се изедначи.

Постепено додадете го и остатокот од брашното, па на крај замесете меко и мазно тесто. Покријте го и оставете го да стасуца на топло околу половина час.

Стасаното тесто малку премесете го и од него направете 25 топчиња. Наредете ги во плех намастен со путер, покријте ги со кеса и оставете ги да стасуваат уште половина час. Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу половина час, а кога ќе бидат готови, одозгора премачкјате ги со малку путер.

Фотографија и рецепт на Милијана Бесевиќ