МЕКИ КАКО ОБЛАЧИЊА…Воздушни печива со фил…Лесен рецепт за многу вкусни печива меки како душа…
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За тесто:
200 мл млеко (топло)
1 кесичка квасец – 7 г сув или 20 г свеж
50 г шеќер
1 јајце
1/3 лажиче сол
ванилин шеќер/ванила по вкус.
100 мл масло
450-480 брашно
За фил: 250 г кондензирано млеко или густ џем/нутела/крем
За посипување:
80 г брашно
40 г путер
30 г шеќер
За премачкување одозгора: 1 јајце или 1 жолчка + 1 лажица млеко.
-Сад за печење со дијаметар од 25 см
-Печете на 180°C во просек 25 минути. Точното време на печење зависи од вашата рерна.
ПОСТАПКА:
Замесете меко тесто и оставете го на топло да ферментира 1,5 час. Со прсти соединете ги путерот и брашното како трошките, па додајте го шеќерот и промешајте.
Тестото поделете го на 6 топчиња. Отворете ги во мали тркалезни кори, во средината ставете по 2 лажички фил и затворете. Топчињата наредете ги во тепсија обложена со хартија и оставете да одморат 20 минути.
Премачкјате ги со јајце и посипете ги со шеќерните трошки, па печете 25 минути во загреана рерна на 180 степени. Постапката можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ:
https://youtu.be/l04yTmsoonw?si=aYJKVh1-Bl7kVL2M